text
stringlengths
120
478k
source
stringclasses
1 value
Од полицијата информираат дека вчера околу 19:10 часот момчето во депото на Македонски железници, се качило на вагон цистерна со намера неговата 13 годишна другарка да го слика. Малолетникот се доближил до електричниот кабел кој бил под висок напон при што се здобил со изгореници. Вработени во депото веднаш повикале Итна медицинска помош, по што момчето е пренесено во болница. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
fineweb-2
ЗА СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВЕ ВОДИМЕ ВО ПРОЛОМ БАЊА Р.СРБИЈА Програма на патување: (ПРЕВОЗ+2 ПОЛНИ ПАНСИОНИ –ПОЈАДОК+РУЧЕК+ВЕЧЕРА+ПРАТИТЕЛ ОД АГЕНЦИЈАТА 1.Ден 22.05.2021 (Сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. 2.Ден 23.05.2021 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА Појадок. Во 10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. 3.Ден 24.05.2021 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови. Цена на аранжманот 139€/8.618мкд Цена за најмалку 2 лица во соба. Во цената на аранжманот е вклучено: – Автобуски превоз на наведената релација – Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса) – Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера – Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода – Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум – Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич – Туристичка такса – Организација, реализација и придружник на патувањето Во цената на аранжманот не е вклучено: – Задолжително патничко осигурување. – Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) – 5€ доплата на лице место. – Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги). – Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд. – Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. – Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање! Важат општите услови за патување на TA PARADISO FLY TRAVEL SERVIS Локација
fineweb-2
Откако на 11 август Русија ја регистрираше првата вакцина против корона вирусот, таа вакцина е една од главните теми во медиумите ширум светот. Додека од Западот доаѓаат обвинувања за "валкани трикови" во трката да се биде прв, многу земји покажале голема заинтересираност да ја набават вакцината за своите граѓани. Скептиците најмногу се прашуваат како Русите ја создале вакцината толку брзо и се сомневаат во нејзиниот квалитет затоа што, наводно, не ја поминала третата фаза од тестирањето. Во продолжение едно видео во кое се објаснува како функционира вакцината и дали може да и се верува.
fineweb-2
Би сакал да ја искористам денешната прес конференција да повика уште еднаш врз основа на исказите кои што се добиваат од случајот "Рекет" во судницата, МВР и Обвинителството за борба против организиран криминал без разлика до каде стигнале со вештачењето на телефоните на Боки 13 и Зоки Кичеец, да почнат да го вештачат телефонот на господинот Зоран Заев кој што го користел во периодот кога имал интензивни средби со Боки 13. Имено изјавата дека Зоран Заев во 1ТВ телевизијата за чие што нелегално финансирање знаел и соучествувал според досега добиените снимки на 3-ти април 2019 година го предупредил првообвинетиот Боки 13 дека го следат странски служби и обвинители. Тоа значи дека сакал да го прикрие делото, во кое што најверојатно Зоран Заев бил главата на оваа рекетарска шема, изјави денеска на прес-конференција Антонио Милошоски кој додаде: "Сметаме дека господинот Зоран Заев конечно треба да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи. За да може да го даде својот скромен придонес во разоткривањето во шемата за рекетирање на отприлика 20 милиони евра од повеќе стопанственици во Република Македонија. Втората работа што исто така зачудува е тоа што господинот Зоран Заев доколку навистина го пријавил случајот за кој што нема записник во обвинителството на 22-ри април, прашање е зошто молчел од 3-ти април кога го предупредил Боки 13 до 22 април. Тоа отвора дилеми, дека Зоран Заев не само што бил глава на рекетарската шема, туку бил и главниот бранител за тоа како од него ангажираните рекетари да ја менаџира штетата и да гледа да ги заштити во рамките на неговото влијание во обвинителството и судството. "Така што ова се нашите барања, до господиниот Наќе Чулев, и до обвинителката Вилма Русковска да почнат да го вештачат телефонот и комуникациите на господинот Зоран Заев од периодот март, април и мај 2019 година, подвлече Милошоски.
fineweb-2
КАРТЕЛОТ СЕ РАЗОТКРИВА: Американската ДЕА го уапси возачот на партнерот на Заеви! Во заедничка акција на американската агенција ДЕА, српската и бугарската полиција, уапсен е возачот на бизнис партнерот на Заеви во бизнисот со марихуана за медицински потреби Предраг Колувија. Негов возач е Милош Т. од Чајетина, пренесуваат српските медиуми. Во оваа меѓунардона aкциja во Србија yaпceни се и М.С. (37) од Ниш и М.Т. (47) од Чајетина. Кај нив е пронајдена количина од два килограми xepoин. Истовремено во Бугарија се yaпceни српските државјани Ж.М. (39), за кого постои coмнeж дека е водач на оваа група и бугарските државјани Д.С, А.Н., Г.Х. Запленети се вкупно 20 килограми xepoин. Милош Т. освен што е возач на бизнис партнерот на Заеви, тој е обвинет и за фалсификувани документи. Неговото име се споменува и во друго обвинение во случајот "Јовањица", во кој се обвинети и припадници на бeзбeднocните cyжби, односно членови на oбeзбeдyвањето на овие нapкo-плантажи. Во моментот на aпceњe, Милош Т. го возел своето "Ауди". Милош Т. бил запрен за сообраќаен прекршок на автопатот Белград-Ниш, кај Велика Плана, но потоа инспекторите откриле што се крие зад него. Сепак, тој не остана на слобода бидејќи беше уапсен во последната меѓународна акција на српската и бугарската полиција со американската агенција ДЕА. Колувија важи за бизнис партнер со семејството Заеви во Македонија, а минатата година беа поврзувани како соработници во бизнисот со производство на медицинска марихуана. Името на Милош Т. се спомнува и во аферата "Јовањица" во која се спомнуваат припадници на безбедносните служби, односно членови на безбедноста на оваа плантажа со дрога и која неодамна беше формирана од Обвинителството за организиран криминал. Освен него и Предраг Колувија, има уште седуммина нивни соработници. Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти денеска дека во оваа меѓународна операција во Србија биле уапсени М. С. (37) од Ниш и М. Т. (47) од Кајетина, а кај нив биле пронајдени два килограми хероин. Во исто време, во Бугарија беше уапсен српски државјанин. Запленети се М. (39), кој е осомничен дека е водач на оваа криминална група и бугарските државјани Д.С., А.Н., Г. Х. и Н.Х., и вкупно 20 килограми хероин.
fineweb-2
Шансите за решавање на политичката криза со помош на меѓународните претставници, актуелните политички предизвици на Македонија, економските проблеми, закочените евро-атлатски процеси, беа темите на коишто во понеделник разговараа претседателот на СДСМ, Зоран Заев и пратеникот во Парламентот на Р.Франција, Филип Диран. "Неопходни се споделени гаранции за имплементација на препораките од Извештајот на Прибе, бидејќи посочените критични области се кочничар за демократско функционирање на институциите на системот, коишто се комплетно партизирани, како и за организирање слободни избори", рече Заев. Двајцата соговорници, како што се наведува во соопштението од СДСМ, констатирале дека процесот Вистината за Македонија откри бројни злоупотреби во највисоките врвови на власта, злоупотреби на релација извршна – правосудна власт, контрола на власта врз медиумите. На средбата е изразена посебна загриженост за проблематичниот Избирачки список, како и за недозволивото функционирање на републичкиот јавниот обвинител, на обвинителот за организиран криминал, на судството, по директиви на актуелната власт. "Доколку утре со помош на пријателите од Европската Унија и САД не бидат договорени организацијата на влада и механизмите што треба да обезбедат демократски институции и избори, СДСМ ќе пристапи кон алтернативните начини за остварување на овие цели", најави Заев. Францускиот пратеник Диран ги поздрави храброста и одлучноста на претседателот на СДСМ, Заев, СДСМ и опозицијата, во битката за промените коишто се потребни, како на граѓаните на Македонија, така и за иднината на државата, се вели во соопштението од СДСМ. /крај/со/ст ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Средба Спасовски – Томан Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, и новоименуваниот конзул и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на Чешка, Давид Чернохорски. Од страна на двајцата соговорници на средбата уште еднаш биле потврдени пријателските односи, како и континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Република Северна Македонија во повеќе сфери на општествениот живот, информираат од кабинетот на Спасовски. Од таму додаваат дека министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговарале и за планираното испраќање нов чешки полициски контингент за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со миграцијата на јужната граница од нашата земја. Исаки: Пријателството меѓу Македонија и Хрватска постојано се надградува Односите и соработката меѓу Република Северна Mакедонија и Република Хрватска се во постојана нагорна линија, истакна заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки по средбата со државниот секретар во Државниот уред за Хрватите надвор од Хрватска, Звонко Милас. "Пријателството во последните три децении континуирано се надградува со продлабочување и зајакнување на меѓусебниот политички дијалог, економската соработка, културната, трговската и туристичка размена и соработка во многу други сфери. Не помалку значаен сврзник во нашите меѓусебни односи се и претставниците на нашата заедница во Хрватска и на хрватската во Северна Македонија, кои преку низа активности остануваат во постојан контакт со својата матичната држава, култура и јазик и паралелно даваат особен придонес во квалитетот на нашите одлични билатерални односи и соработка", рече Исаки. Додаде дека во заеничкиот разговор бил поздравен фактот што двете влади имаат многу позитивен однос кон прашањата за малцинствата, кои претставуваат комплексни теми. "Малцинствата ги споделуваат истите проблеми со кои се судираат сите граѓани во една држава, почнувајќи од актуелната пандемија до социо-економските прашања, но истовремено имаат и дополнителни предизвици поврзани со зачувување на нивниот културен и национален идентитет, а пред сè заштитата на културното наследство, образование и негување на мајчиниот јазик", предочи Исаки. Османи ги собра шефовите на амбасадите и конзуларните претставништва за претстојниот попис Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис. На состанокот присуствуваа и директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами. "Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска", истакна Османи. "Жалам што донесувањето на законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нè доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи", посочи министерот за наворешни работи. Според него, пописот е добар пример за да се демонстрира одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. За лицата кои имаат место на живеење во Република Северна Македонија, а за време на спроведувањето на пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, пописот ќе биде во периодот од 1 март до 15 март 2021 година, додека самопопишувањето на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по кој било основ престојуваат во странство ќе почне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година, информираат од Министерството за надворешни работи. Најново Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19 Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на... Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство... Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред... Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје... (Видео) Почна попишувањето на бездомните лица Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го... Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што... Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината "спутник В" Русија може да достави милион дози од вакцината "спутник В" во Хрватска во рок од една недела, пишува "Вечерњи лист".... Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за "Политика"... Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни... Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска... УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една... Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,... Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската... (Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад... Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со... До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во... Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт... На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала... Во Диселдорф забрана за стоење во место: "Јадете само во движење" Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот... Експертите на СЗО против употребата на лекот "хидроксихлорокин" Лекот "хидроксихлорокин", за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да... Досие - Книги3 месеци Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито - Македонија3 месеци МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме - Македонија3 месеци (Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар - Македонија2 месеци Возачот на "бентлито" што "влета" на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот - Регион2 месеци (Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: "Луѓе ова е сериозен земјотрес" - Регион2 месеци (Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата - Европа1 недела Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран - Свет1 месец Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
fineweb-2
Крајно неодговорни се изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во неговото обраќање пред Советот на федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација дека се зборувало поделбата на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија, реагираше бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов, откако Лавров уште еднаш обвини дека Западот ја дестаблизира Македонија поради одбивање на санкциите кон Москва и подготвеноста да учествува во проектот "Турски поток". – Сите многу добро го познаваме тешкиот пат низ кој помина РМ кон воспоставувањето и зацврстувањето на нејзината државна независност и суверенитет. За цело тоа време токму Бугарија беше државата која и даваше најголема поддршка на независноста на Македонија, која беше и ќе остане гарант за нејзината територијална целина. Бугарија е државата која прва го призна уставното име на Република Македонија и тоа решение беше клучно за стабилноста во Југоисточна Европа. Обидите да се стави под знак прашање европскиот ред во регионот и територијалната целост на државата се недозволиви – порача Митов.
fineweb-2
На почетокот на оваа седмица, брилијантната бугарска оперска sвезда Соња Јончева објави на социјалните мрежи дека веќе е готов нејзиниот следен проект за снимање е готов – албумот ʺПрераждане". Тој ќе биде достапен за обожавателите на примата од следниот петок. Еве ги зборовите на Соња Јончева: ʺСе радувам да го објавам мојот нов албум за Sony Classical 𝓡𝓮𝓫𝓲𝓻𝓽𝓱, снимен со Леонардо Гарсија Аларкон и Cappella Mediterranea! Со овој проект, кој го обмислувам околу десет години, сакаме да го потенцираме безвременскиот звук на музиката, градејќи мост помеѓу минатото и сегашноста. Поврзувајќи го светот на Монтеверди со светот на бугарската народна музика, шпанските хакери со англиските мадригали, сакаме да покажеме колку глобален може да биде звукот на оваа музика, дури и ако во тоа време луѓето не можеле да комуницираат како ние. Овој проект е апел кон преродба, обединување за обновувањето, од кое нашиот свет и култура очајно имаат потреба во овој момент ". Во својот нов албум ʺПрераждане" Соња Јончева ја вклучила и бугарската народна песна ʺЗаблеало ми јагненце" во аранжман на лејтистот Куито Гато. Заедно со него и ансамблот за стара музика Cappella Mediterranea, раководен од Леонардо Гарсија Аларкон, беа на сцената на фестивалот во Салцбург минатата година и тогаш публиката го почувствува егзотичниот вкус на оваа програма, која се претвори во албум. Во меѓувреме, во продажба се веќе и билетите за гала концертот со учеството на Соња Јончева, Пласидо Доминго и Софиската филхармонија под раководство на Најден Тодоров на 31 август на отворена сцена пред катедралниот храм ʺСвети Александар Невскиʺ во Софија. На видето е изведбата на бугарската народна песна ʺЗаблеало ми јагненце" на сцената на фестивалот во Салцбург.
fineweb-2
Погодни општини за инвестирање Малата погранична општина Берово е синоним за еколошки чиста средина. Тоа е општина со воздух со најголема концентрација на кислород во Република Македонија. Општината сместена на надморска височина меѓу 670 и 1050 метри ја карактеризира претежно ридско-планинскиот релјеф. Рамничарски се единствено терените околу речното корито на реката Брегалница која минува долж општината. Општината изобилува со природни услови за развој на земјоделство и сточарство и производство на чисти еколошки производи. Во последно време се повеќе се создаваат услови за развој на туризмот со изградбата на нови приватни сместувачки капацитети за рурален туризам. Општина Берово има потенцијал од стручни кадри од сите профили со високо образование кои можат да одговорат на сите предизвици на потенцијалните инвеститори. Во општината има две индустриски зони и неколку слободни зони за инвестиции: 1. ТИРЗ-Шушлевец која се протега на површина од 17,38 ha на патот Берово-Струмица. Согласно државната планска документација за ТИРЗ Берово, Министерството за транспорт и врски и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони се започна со реализација на проектот "Технолошко индустриска развојна зона – Берово". Местоположбата на ТИРЗ Берово е на м.в. "Шушлевец", непосредно до Зоната за мало стопанство и лесна индустрија согласно ГУП на Општина Берово. Опфатот на ТИРЗ-Берово, со површина од 15,5 ха, во близина на регионалниот пат Берово-Струмица. Шушлевец Индустриски Зони за Инвестирање во Општина Берово 1. Индустриска зона за мало стопанство и лесна индустрија со површина од 10 ha која се наоѓа на патот Берово-Смојмирово од левата страна. Зона за мало стопанство и сервиси со површина 5 ha кај поранешна Исхрана-Берово. Градска зона за мало стопанство 13 ha спроти објектот на поранешен ,,Огражден,,-Берово 4. Зона за лесна индустрија и призводство со површина од 10 ha кај фабриката ,,Алкалоид" во Берово. Примери за успешни green fileld инвестиции се туристичките комплекс Аурора (www.auroraresort.mk), Туристички комплекс Бела Вода (www.facebook.com/kompleksbelavoda) и Хотел Манастир (www.hotelmanastir.com.mk). Успешна brown field инвестиција е Агромах (www.agromax.mk) – фабрика за сушено овошје и зеленчук, Полотекс –Берово (http://www.clubeconomy.com.mk/detali.aspx?id=946) – погони за текстил. Технолошка индустриска развојна зона Берово 2. Градска Зона за мало стопанство блок 1 На 164 km источно од Скопје, во подножјето на планината Голак, распослан на двата брега на реката Брегалница лежи градот Делчево. Тоа е најголемо населено место во областа Пијанец, која се протега на површина од 585 km2, сместена помеѓу Осоговските планини на север и Малешевските на југ. Општина Делчево се наоѓа во најисточнот дел од државата и претставува крстосница за источна Македонија. Доминантно место во стопанскиот развој на општината има индустријата, по што следат земјоделството и градежништвото, со нагласено учество на терцијарниот сектор: трговија, угостителство и мало стопанство. Локалната самоуправа е главниот носител на економскиот развој на општината посочувајќи ги економските потреби заради побрз стопански развој, привлекување на нови и зачувување на постојаните бизниси. Индустриско развојна зона Делчево се наоѓа во близина на град Делчево лоцирана лево од патот кон селото Габрово, Блатиште, КО Делчево, општина Делчево. Зоната се протега на површина од вкупно 20,8 ha. ТИРЗ Делчево Во пазувите на Малешевската котлина на површина од 206,88 km2 е сместена општина Пехчево, административниот центар на поширокиот регион на Малеш и Пијанец, а од 1952 година и седиште на Малешевската околија. Територијата на Општина Пехчево изобилува со голема разновидност на животински, растителни ендемични видови, со одлични можности за лов и риболов. Меѓу пространите шумски комплекси се наоѓаат бројни острови на ливади, пасишта прошарани со сочни малини и други шумски бобинки: шумски јагоди, капини, малини, аронија, дренки. Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со години ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во Источна Македонија. Ваквото природно богатство ја прави Општината пожелна туристичка дестинација. Покрај можноста за развој на авантуристичкиот и руралниот туризам, Општината има развиена дрвна индустрија и индустрија за производство на огноотпорни материјали. Во Општината е сместена и локалната канцеларија на Програмата за зачувување на природата во Република Македонија. Општина Пехчево во моментот има две индустриски зони: 1. Индустриска зона "Подуово"; 2. Индустриска зона "Грозил"; На индустриската зона Подуово се продадени речиси сите парцели предвидени за таму (освен една), додека уредувањето на индустриската зона Грозил е во тек. Во општина Пехчево има неколку објекти од кои дел се во општинска сопственост, дел се во приватна сопственост кои во иднина можат да се искористат како потенцијал за "brownfield" инвестиции и тоа: 1. Објектот на поранешната фабрика за производство на плочки во Пехчево која во моментот се наоѓа во приватна сопственост и е со вкупна површина од 14.000 m2; 2. Објектот на поранешната "Караула" во Пехчево која се наоѓа на Ченгино Кале. Овој објект е во општинска сопственост – целината е сочинета од три објекти: едниот со површина од 37 m2, другиот со површина од 158 m2, а третиот со површина од 141 m2 и земјиште со површина околу 30.517 m2; 3. Објектот на поранешната конфекција "Комуна" – Пехчево со површина од 2.000 m2, кој е во приватна сопственост; 4. Домови на културата во сите села во општина Пехчево кои се наоѓаат во општинска сопственост со површина од околу 200-300 m2 и кои можат да бидат потенцијални мали фабрики за развој на текстилната индустрија.
fineweb-2
Применете ги овие трикови и ќе се чувствувате многу по сексипилно, од било кога… - Очи со боја на море Смоуки очите се веќе стара шема, но можете да им дадете нова димензија доколку сивата боја ја замените со темно плава. Оваа боја ќе ви г истеанчи погледот, така што не сме боопшто изненадени зошто Селена Гомез и Криистин Стјуарт го користат овој трик за нагласување на очите. - Златно и розева за лицето Мешавината на топли и златни нијанси, ладни и рзеви нијанси е идеална за сечиј тен. Вели козметичарот Џејмс Хамер. Истакнете го изразот на лицето, со нанесување на руж преку јагодиците и носот. - Усни кои мамат бакнежи. Истражувањата покажаа дека мажте најмногу ги привлекува црвената боја, што објаснува зошто Мерлин Монро, сакала да ја носи оваа нијанса. Не се колебајте да заведете со усни во класична црвена боја. - Неуредна кика Исплетете ја косата од страна, или едноставно, савете репче од страна, како кика. Слободно извлечете прамени од страна, за да изгледате по лежерно. - Вљубени образи. Ништо не изјавува повеќе " ми се допаѓаш", од благо нагласените румени образи. Не го прескокнувајте руменилото, дури ниту кога само благо се шминкате и секогаш изгледајте свежо вљубени.
fineweb-2
Љубомир Михајловиќ, попознат како Љуба Шиптар, основач и долгогодишен прв човек на Комерцијална банка, откако беше прогонет од рајот на политичката милост, реши да молчи. По многу години, тој реши да ја прекине тишината и да открие некои детали од животот што не и се познати на јавноста. Не е тајна дека Михајловиќ бил омилен банкар за многумина, ниту дека Аркан бил еден од неговите пријатели. -Почнав да работам со банкарство уште во 1965 година на Косово и Метохија, прво во Комунална, а потоа и во Југобанка. Тогаш еден од директорите ме повика во неговата канцеларија и ме однесе до прозорецот. Беше во Призрен. Тој ми рече: "Погледнете, Љубо, на овој чистач за чевли долу. За да бидеш добар банкар, мора да бидеш чистач на чевли, продавач, но и министер, свештеник и претседател на државата… "Сето тоа го чував во текот на целата моја кариера и не згрешив. Бев омилен банкар, а Иван Стамболиќ, Влајко Стоиjковиќ, Аркан, Баџа, Цеда Јовановиќ, Веља Илиќ, Гури, патријархот Павле и многу други, исто така, беа мои добри пријатели. За жал, нема повеќе од нас – вели Михајловиќ. Тој потсетува дека бил со Жељко Ражнатовиќ Аркан на денот на убиството во "Интерконтинентал" -Отидов на пливање, по препорака на физијатар, ме болеше десното рамо. Го најдов Аркан во фоајето. Веднаш ме покани да седнам. Инаку, тој ме нарече "генерал" поради презимето Михајловиќ. Тој ми вели: "Генерале, денес сум најсреќниот човек на светот. Ги отплатив сите долгови, никому не должам повеќе ". Тој беше навистина расположен, насмеан. Седев со него до 17 часот. Додека разговаравме, двајца чудни луѓе постојано шетаа покрај нас и правеа "ножици". Му го свртев вниманието на фактот дека ми е чудно што прават, тој ми одговори дека не се грижам затоа што има луѓе што контролираат сè. Додека се спуштив кон базенот, полицајците влегоа и почнаа да викаат дека Аркан е убиен. Штом станав, практично. Кога излегов од хотелот, веќе имаше новинарски и телевизиски екипи, а јас бев првиот кој беше фотографиран како го напуштам местото на злосторството – изјави Љуба Шиптар.
fineweb-2
DISNEY го објави првиот трејлер за преработката на нивниот најверојатно најпопуларен анимиран филм, Кралот на лавовите! Филм ќе го има истиот третман како и одлично прифатената Книга за џунглата, а режисер повторно е талентираниот Џон Фавреу. Во видеото веднаш ќе ја препознаете и незаборавната сцена од анимираниот филм, а единствената разлика е што изгледа многу поспектакуларно. Инаку, во филмот се враќа и легендарниот Џејмс Ерл Џоунс кој го глумеше Муфаса, а своите гласови на главните ликови во приказната за семејството, честа, пријателството и алчноста, ги позајмија и Доналд Гловер, Сер Роген, Били Ајхнер, Џон Оливер, Бијонсе и многу други.
fineweb-2
Сочувство од Шентоп и Чавушоглу за загинатите во авионската несреќа во Индонезија Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го изразија своето сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа во Индонезија Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака со сочувство за загинатите во срушениот патнички авион во Индонезија. Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: "Чувствувам длабоко жалење од веста за големиот број човечки загуби при падот на патничкиот авион во Индонезија. На загинатите во несреќата им посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство до нивните блиски и до братскиот индонезиски народ." Mинистерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така оствари телефонски разговор со индонезискиот министер за надворешни работи Ретно Марсуди. Чавушоглу го изрази своето сочувство за загинатите во авионската несреќа. Инаку, вчера беше соопштено дека патничкиот авион со број на лет "SJ182" во кој се наоѓаа вкупно 62 лица, од кои 50 патници и 12 членови на екипажот, падна во морето во локацијата помеѓу Лаки и островот Ланканг северно од главниот град Џакарта. Слични вести Во објавеното соопштение на МНР по повод 29-годишнината од извршениот масакр во Хоџали од страна на Ерменците на 26 февруари 1992 г. се истакнува следното: "Најдлабоко во нашите срца ја чувствуваме и споделуваме болката на Џан (нашето срце) Азербејџан" Мевлут Чавушоглу беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Загреб Мустафа Бабур Хизлан, претседателот на Мешихатот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Хрватска муфтијата Азиз Хасановиќ и претставниците на муслиманскиот џемаат во Хрватска Портпаролот на претседателството Фахреттин Алтун на својот профил на Твитер напиша: "Чувствуваме длабока загриженост од последните случувања во Ерменија. Процесот што се одживува го сметаме за обид за пуч и на јасен начин го осудуваме."
fineweb-2
Колаченца со интегрален вкус, погодни за со млеко, чај или кафенце. Со миксер изматете ги јајцата, шеќерот и медот додека се стопи шеќерот. Додајте ги маслото и млекото и со мала брзина, кратко изматете ги да се изедначат со јајцата. Исклучете го миксерот и додајте го брашното, муслите и пецивото. Сега измешајте ги со голема лажица или шпатула. Ќе се добие густа, мека смеса. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во плех во кој сте ставиле хартија за печење ставајте од смесата по една полна лажица. Ставете ги да се печат околу 12-13 минути, да добијат светла кремаста боја. Лиценца: Сите права се задржани
fineweb-2
Полицијата во Врање трага по Марјан Стаменковиќ (47), под сомнение дека претходниот ден ја убил Сара Асановиќ (27), поранешна победничка на фестивалот за избор на убавина "Каранфил девојче". Стаменковиќ е обвинет за убиство на Сара на бензинска пумпа во овој град додека таа седела на маса со друг маж. Убиецот околу 18 часот испукал шест истрели од пиштол во Сара, а безбедносните камери снимиле сè. Девојката им подлегнала на повредите на самото место. Граѓаните на Врање се шокирани, бидејќи убиството се случило на прометно место во раните вечерни часови. Според српските медиуми се шпекулира дека истражните органи сметаат дека мотивот за злосторството е заради страст и љубомора. Според неофицијални информации, Марјан Стаменковиќ (47) поминал 12 години во затвор за убиството. Тој беше ослободен од затвор во јануари. Сара се прослави во Врање откако ја доби титулата Мис на шармот и наградата на публиката на фестивалот "Каранфил девојче" во 2013 година. "После тоа, Сара беше член на модна агенција неколку години, но залута. Беше многу убава, имаше латинска убавина. Сепак, таа стана зависна од дрога и алкохол, па повеќе не можеше да работи во модна агенција. Наводно, била мажена и со Турчин. Некое време беше и во Германија", вели изворот на "Објектив". Семејството на Сара е неутешно, а на новинарите им рекоа дека имале проблеми со Сара. Десетина најблиски роднини се собраа во населбата во горниот дел на Врање пред семејната куќа на убиената Сара. Сите се во шок, а од куќата се слуша стенкање, но никој не сакаше да зборува за медиумите. Таткото на Сара рече дека девојчето имало психички проблеми и дека тропнал на вратата на полицијата, центарот за социјална работа и други институции, но дека никој не му помагал, и дека сега е доцна за какви било приказни. Сара беше пријателски настроена и сите ја познаваа, па голем број млади луѓе се собраа на местото на злосторството. Силни полициски сили вчера ја опколија куќата каде што живеел осомничениот. Живеел во една соба, а како што за Објектив раскажал сопственикот на куќата, тој редовно си ја плаќал киријата и не правел никакви проблеми. Српските медиуми јавуваат дека тој неговата прва жртвта А.Т. ја задавил во јануари 1998 година, а во ноември 2006 година неколку пати избодел друга девојка и нејзината придружничка. За среќа, тие преживеале. За убиството Стаменковиќ беше осуден на седум години затвор од Окружниот суд во Врање, но Врховниот суд ја изрече казната на девет години по жалба на обвинителството. На судењето, вештакот по судска медицина рече дека Стаменковиќ бил ментално нестабилен во времето на убиството и дека по убиството на А.Т. навечер го посетувал нејзиниот гроб. Стаменковиќ беше помилуван една година и четири месеци пред крајот на затворската казна. Неколку месеци подоцна, тој се обиде да убие друга своја жртва. За време на бегството, тој дошол на хируршкото одделение каде лекарите го спасувале живот на рането девојче. Вработените во болницата го забележале. "Ако сакав да ја убијам таа вечер, можев да го сторам тоа без никакви проблеми. Сето тоа се случи во еден момент, делумно поради љубомора, што е моја слабост и сплет на несреќни околности", рече Стаменковиќ на судењето во 2007 година .
fineweb-2
На интернационалениот натпревар за дегустација на кофе (Internacional Coffe Tasting), кој се одржа на 29 и 30 ноември во Милано, организиран од Меѓународниот институт за кафе тастери, Barcaffè espresso освои две златни медали за својте блендови, Barcaffè Tradizione и Barcaffè Prestigio. Судии на овој натпревар беа кафетерии, а кафињата и пијалоците од кафе беа оценети врз основа на неколку критериуми, како што се: целината на вкусот, интензитет на аромите, структурата и постојаноста на пената. ,,Исклучително сме горди што на овогодишниот натпревар станавме носители дури на две златни медали, итоа во конкуренција на популарни брендови од Италија и пошироко", изјави Андреј Беле, генерален директор на Атлантик Груп. Освен тоа Barcaffè гордо носи дури 6 златни медали на меѓународни натпревари за тестирање на кафе. Искрено ни е драго што додаваме оваа година уште две златни медали, додаде Беле. Barcaffe е еден од најзначајните регионални брендови во еспресо бизнис, чија приказна започнува уште во 1970 година во тогашната фабрика Дрога Порторож, а денес неговата понуда содржи повеќе од 40 производи, почнувајќи од мешавина на мелено кафиња, еспресо кафе, инстант напивки како и ,,coffee to go"
fineweb-2
Покажете дека имате вкус со ексклузивниот сет за виски од серијата Ambrogio со кој можете да уживате во вашиот пијалок до совршенство. Ambrogio сетот е создаден во класичен стил, но со модернистички пристап во неговиот дизајн. Овој сет претставува и одличен подарок за сите кои имаат префинет вкус и уживаат во внимателно одбрани задоволства.
fineweb-2
Српскиот Уставен суд потврди: безбедносните сили на земјата со кандидатски статус за ЕУ противправно протерувале мигранти во земјата членка на ЕУ, Бугарија. ДВ има увид во пресудата. Луѓето едно студено саботно утро биле откриени од страна на бугарски полицајци недалеку од српската граница. 25 Авганистанци, меѓу кои и седум мали деца, ја минале ноќта во шума. Според службената белешка на полицајците, мигрантите прво биле сослушани. Тоа се случило на 4 февруари 2017. Сега, четири години подоцна, се знае: српските безбедносни сили барателите на азил противправно ги протерале од Србија наместо да им дадат соодветни документи и да ги сместат во бегалски камп. Тоа го потврдува српскиот Уставен суд во пресуда која е преседан и во која ДВ има ексклузивно увид. Со години активисти за заштита на човекови права се жалат за бруталното однесување на граничарите, полицајците и војската кон мигранти на Балканската рута и со години властите во земјите од Западен Балкан демантираат дека т.н. "пушбекови", односно нелегалните протерувања според меѓународното право, навистина се случуваат. Досега одвај и да има пресуди во Европа кои би можеле да се споредат со пресудата од Белград. "Не може да се даде доволно големо значење на пресудата, бидејќи нелегалните протерувања од сите видови повреди на човекови права се најтешки за докажување", нагласува за ДВ адвокатот Никола Ковачевиќ, кој е подносител на претставката. "За жал, јавна тајна е дека такви протерувања и натаму се случуваат во Србија. И досега никој за тоа не сносел одговорност." Повеќе: Белград: Деца-бегалци на улица 17 лица во еден автомобил Според судскиот предмет, било 15 минути по полноќ на 3 февруари 2017., кога српските безбедносни сили набљудувале група мигранти само стотина метри оддалечени од бугарската граница. Луѓето се качиле во два автомобила и се упатиле во правец кон централна Србија. Двајцата возачи, српски државјани, неколку минути подоцна биле уапсени. Се работи за криумчари на луѓе, криминална бранша која и натаму цути на Балканот. Во сивиот Пасат се напикале шест мажи, четири жени и седум деца, сите од Авганистан. Во името на тие 17 лица подоцна е поднесена претставката до Уставниот суд. Апсење наместо азил Мигрантите ноќта биле сместени во затворската ќелија во полициска станица во околното село Градина. Во просторијата во која престојувале од ѕидот се ронел малтерот, немало вода, немало парно греење, ниту тоалет. И немало ни адвокат за уапсените. Следното утро полицајците ги извеле Авганистанците пред локалниот суд каде морале да дадат изјава во врска со делото за кое ги товареле - дека нелегално ја преминале границата кон Србија. Но, судијката ги ослободила мигрантите со образложение дека треба да се третираат како баратели на азил, можеби дури и жртви на трговија со луѓе. Бегалци од војна и од талибанците Протоколите од нивното сослушување се слични: по потекло се од Кабул или Масар-и-Шариф и со месеци патувале преку Иран, Турција и Бугарија до западот и северот на ЕУ. На некои места плаќале шлепери. Назад не можеле да се вратат заради војната и Талибанците. Судијката наредила безбедносните сили да ги третираат мигрантите како потенцијални баратели на азил и да им издадат соодветни документи за да може да бидат сместени во камп за бегалци. Полицајците тврдат дека токму тоа и го сториле по напуштањето на судот: им издале документи и се збогувале. Безбедносните сили ја игнорирале пресудата Српскиот Уставен суд сепак се водеше според исказот на друг сведок, според кој Авганистанците биле присилени да се качат во полициски транспортер. Потоа ги пренеле до шумата на бугарската граница и биле протерани во Бугарија. "Не нѐ тепаа, но ни ги одзедоа документите за српскиот бегалски камп", вели еден од Авганистанците преку Вибер неколку дена по нелегалното протерување. Преку Вибер човекот со помош на преведувач стапил во контакт со адвокатот Никола Ковачевиќ. Кои се сторителите? Не е задача на српскиот Уставен суд да ги идентификува полицајците или граничарите кои нелегално ги протерале бегалците. Ресорните министерства, како и вообичаено во вакви случаи, засега молчат. "Мора без одлагање да се открие идентитетот на службените лица", бара адвокатот Ковачевиќ. "Одлуката на судот ја сфаќам како опомена за министерствата за внатрешни работи и за одбрана". Адвокатот засега може да биде сосем задоволен со пресудата на Уставниот суд. За правосудството во Србија всушност се вели дека е под контрола на претседателот Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија. Критичарите претпоставуваат дека строгоста во постапувањето со мигрантите на српската граница одамна е српска владина политика. Дотолку поважна е пресудата на Уставниот суд. Со поддршка од ЕУ? Уште во есента 2015-та Вучиќ ја пофали канцеларката Меркел за нејзината либерална бегалска политика. Година подоцна Унгарија и Хрватска ги затворија своите граници и со тоа практично ја оневозможија миграцијата преку Балканската рута. Во Србија се прошири загриженост дека би можеле да завршат како слепа улица за стотици илјади бегалци. "На границата поставивме непробојна заштита", се фалеше генералот Милан Гујаница во мај 2017 година во интервју за новинската агенција Танјуг. Само во првите месеци од годината 20 илјади лица, во најголем дел Авганистанци, биле спречени во обидот да ја преминат грануцата, гордо раскажуваше Гујаница. Во истиот период биле уапсени 140 криумчари на луѓе. Политиката на цврста рака очигледно ужива поддршка и од ЕУ: покрај домашните полицајци и војници, на српската граница во тоа време патролирале и 50 полицајци од различни ЕУ-земји. Србија мора да плати отштета Белградската канцеларија на УНХЦР, Агенција на ООН за бегалци, објави дека само во ноември 2016 година околу илјада луѓе нелегално се протерани од Србија. Активистите за човекови права со години ги документираат протерувањата од хрватските и бугарските безбедносни служби. Но, таму досега не е изречена пресуда како оваа на Уставниот суд на Србија. Српската држава мора да плати околу 1000 евра по лице за секој од 17-те Авганистанци. Адвокатот Никола Ковачевиќ со повеќето од нив е се' уште во контакт. Според него, поголемиот дел од нив веќе подолго време живеат во Германија.
fineweb-2
Јури Толошко, актер и боди-билдер, стана познат во јавноста поради неговата врска со пластичната кукла Марго и наскоро ќе се ожени со неа. Тој се однесува кон Марго како кон вистинска жена, а тие се во врска веќе осум месеци. Неодамна ја однел и на пластична операција за да добие поголема самодоверба. Како што вели, ја забележал несигурноста кај Марго по појавувањето во јавноста. – Таа започна да развива комплекси. Кога ја запознав со светот на фотографиите, имаше многу критики и таа почна да се чувствува несигурна, па затоа се одлучивме за пластична хирургија. Таа многу се смени. Отпрвин беше тешко да се прифати, но подоцна се навикнав – изјавил Јури за Њујорк пост. – Не може да оди сама, и треба помош. Марго не знае да готви, но ја сака грузиската кујна. Нејзиното омилено јадење е кинкали. Таа тврди дека има нежна душа во себе. Толошко води страница на Инстаграм за Марго каде ги објавува нивните заеднички фотографии. Тој дури тврди дека и нашол работа како келнерка во локален бар, што е прилично голем подвиг со оглед на нејзините физички ограничувања. Иако на некои ова им се допаѓа симпатично и позитивно, повеќето од следбениците се против сè, и сметаат дека Јури сепак претерал, дека премногу уживал во сето ова и дека треба да оди на лекување.
fineweb-2
Мандалите се кругови што будистите ги користат за да го претстават универзумот. Несомнено е дека тие во себе кријат многу тајни и непознати моќи. Освен тоа, мандалите можат да ви помогнат да дознаете нешто повеќе за вашиот карактер. Разбудете ја вашата интуиција и одберете една мандала, а потоа прочитајте ги резултатите… 1. Вие сте великодушни и морални Вашата великодушност е првиот квалитет што другите го забележуваат кај вас. Кога сакате да направите некого среќен, воопшто не се штедите. Вие сте многу дарежливи и во љубовта, а кога ќе се вљубите, целосно му се посветувате на партнерот, без страв дека ќе бидете повредени. Но, не заборавајте дека постојат луѓе кои сакаат да ги искористат вашите добри намери. Вие сте лојални и искрени Никогаш не би ги изневериле блиските луѓе и очекувате од нив и тие да ви бидат исто толку лојални. Верувате дека секој човек е одговорен за своите постапки и не го толерирате лошото однесување. Благодарение на вашата добронамерност и вроден шарм, лесно стекнувате нови пријатели. Вие сте креативни Вие сте интроверти кои сакаат да набљудуваат и да размислуваат за светот околу себе. Имате неверојатна фантазија и сакате да копате длабоко по вашите мисли и да бегате од реалноста. За жал, тоа создава јаз помеѓу вас и другите луѓе кои честопати ве сметаат за чудни. Користете ја вашата фантазија и изразувајте се на креативен начин. Вашата интуиција е извонредна Секогаш можете да ѝ верувате на интуицијата. Исто така, вашите соништа се невообичаено точни и можете да предвидите настани што не се однесуваат само на вас туку и на вашите најблиски. Доколку сакате да ја подобрите оваа страна на вашиот карактер, треба да поминувате повеќе време сами, без разлика дали другите можат да го разберат вашето однесување. Вие сте независни и храбри Верувате дека кога некој навистина посакува нешто, тоа може и да го постигне со помош на своите способности. Ретко се откажувате од вашите цели и спаѓате во малиот број луѓе кои можат да кажат за себе дека ги оствариле своите соништа. Во љубовта честопати сте многу доминантни и не сакате да ја изгубите вашата независност и слобода. Доколку ви се допадна овој тест, обидете се повторно да ја изберете вашата мандала и откријте интересни информации за вас.
fineweb-2
На денешната вонредна прес-конференција, српската премиерка Ана Брнабиќ, зборуваше за криминалната група на Вељко Беливук и за луѓето од државниот врв кои му помагале. " Мислам дека е очигледно дека во целиот овој процес, некој што работел за државата, работел и за мафијата. Претседателот јасно стави до знаење дека имаме такви сомнежи и дека не смеат да се толерираат. И тогаш започна истрагата. Мафијата имаше некој во државните структури – во Министерството за внатрешни работи и можеби во некои други структури на државната безбедност. Сега го истражуваме сето тоа" изјави Брнабиќ. На прашањето дали се чекал политички налог, премиерката рече дека не се чекал. " Штом ги добивме информациите, веднаш се даде зелено светло сите да работат на ова. Дојдовме до резултати дека паднал кланот, кој е посилен и поопасен од Земунскиот клан" додаде таа. Брнабиќ потврди дека има нови детали во случајот, но истакна дека не може да ги открие бидејќи истрагата продолжува.
fineweb-2
008p во 14:36 Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете "Во ред". Кога бебињата стари неколку месеци ја примаат првата вакцина, може да се појават несакани ефекти. Погледнете што можете да забележите Температурата е добра причина за загриженост, особено кај младите доенчиња. Значи, ако мислите дека на вашето бебе му е жешко или се чини дека е болно, измерете ја неговата температура. Најточно читање ќе добиете ректално, со дигиталниот топломер Навидум безопасни работи како бакнување бебе во уста или чистење на неговата цуцла во вашата уста, се навики што треба да ги отфрлите - за безбедноста и здравјето на бебето На почеток на школската година и во текот на есенските и зимските месеци, многу инфекции ги напаѓаат нашите деца што понекогаш е тешко да се избегне. Кои се тие инфекции и што е карактеристично за нив, накратко ќе ви откриеме Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразитски заболувања, труење со отрови. На што треба да обрнете внимание? Епидемиолозите предупредуваат: можна е голема епидемија од мали сипаници Се работи за безопасни вируси кои се неизбежен дел од растењето на децата, но и начин детето да стекне имунитет во првите години од животот. Освен прочистување на носето не е потребна терапија, па ниту изолација Менингитис е болест поврзана со воспаление на заштитните мембрани кои го покриваат мозокот и 'рбетниот мозок. Етиологијата на оваа болест може да варира, но симптомите на различни типови се генерално слични Дехидрацијата може да биде условена од недоволен внес на течности, повраќање, дијареа, или нивна комбинација. Понекогаш претераното потење или уринирање, можат да доведат до дехидрација Ново истражување - првата бебешка столица им помага на докторите да увидат дали бебето било изложено на алкохол и може да го поврзат со когнитивни проблеми подоцна Оваа магична кожа ги одгледуваше внатре. Го обвиваше телото што ги хра... Лазењето е едно автономно движење на четири нозе. Повеќе лазење = пове... Тек на операцијата момент по момент, што го менува животот на една жен... Начинот на кој разговараме со нашите деца има значително влијание врз ... Бремените жени треба да разберат дека употребата на канабис за време н...
fineweb-2
Националното здружение на новинарите на Италија најави штрајк за во понеделник во знак на протест поради предложениот закон за медиуми, во кој е содржана одредбата која предвидува затворска казна за клевета. Од новинарското здружение укажуваат дека со предложениот закон се предвидени затворски казни за новинарите кои во своите текстови ќе изнесат клевета. Од друга страна, се намалува казната за уредниците и се ограничува само на парична казна до максимални 50.000 евра.
fineweb-2
Хип –хоп вечерта во рамките на "Струмица опен фестивал'' ќе се одржи вечерва од 21 часот по втор пат на спортското игралиште на СОУ "Јане Сандански''. На настанот насловен "Хип – хоп револуција'' ќе настапат повеќе изведувачи од Македонија, ќе се цртаат графити, а како новитет е воведено и натпревар во брејкденс. За најдобрите брејкденсери и учесници во танцувачкиот натпревар обезбедени се и награди. Третата вечер од "Струмица опен фестивал'' ќе продолжи со Ликовната колонија во малиот градски парк од 20 часот, а во 21 часот во Амфитетатарот ќе се прикажаат филмовите на познатиот српски режисер и автор Желимир Гвардиол во склоп на Тивериополските филмски вечери.
fineweb-2
Што ти значи кога ќе те фати зорт за нешто што не би требало и не би смеело да го направиш на јавно место, како на пример неконтролираната желба за секс со саканата личност. И тоа ни помалку ни повеќе туку среде бел ден. Материјалот е експлицитен и не се препорачува за лица под 18 години.
fineweb-2
За оние кои сакаат "ајфон" поскап од луксузна куќа, дизајнерите на компанијата Unique, креираа футрола од 18 карато злато, дијаманти и кожа, чија цена е неверојатни 200.000 евра. Економската криза никако да пројде, но тоа не ги спречува дизајнерите да креираат луксузни предмети наменети за оние со многу длабок џеб. Па така дизајнерите од оваа лондонска компанија ја креира оваа кожна футрола за мобилен телефон која е украсена со 18 каратно црвено злато и со ретки бели и розеви дијаманти. Цената е навистина "ситница". Оваа футрола ја рекламира познатата актерка Миша Братон која и самата има дизјанирано неколку модели за компанијата Unique. Доколку не можете да си дозволите да платите 200.000 евра за мобилен телефон, можете да добиете оригинална копија од истата компанија која чини од 40 до 700 евра. На располагање ви стои и златен ајфон, во случај да не сакате ваква заштита за вашиот телефон. Златниот ајфон чини вртоглави 20.000 евра, но сепак е 10 пати поефтин од самата футрола.
fineweb-2
На 8. март 2018 година тандемот Оливера Величковска и Бујамин Мемеди ја реализираше интегрирана воннаставна активност со учениците. Цели на активноста беа да се промовира: ефективна и соодветна вербална комуникација, ефективно слушање, креативно мислење, кооперативно учење, подготвеност за тимска работа. Преку креативни активности, учениците научија повеќе за процесот на дизајнирање и разговараа за значењето на логоата.
fineweb-2
"Загрижени сме од развојот на ситуацијата, но истовремено ги повикуваме нашите партнери со кои работиме на оваа тема, да покажат воздржаност, влучително и во однос на воената активност во овој регион", изјави рускиот дипломат. Северна Кореја на 29 мај изврши уште едно лансирање на ракета, најверојатно "Скад" (НАТО ознака за советската ракета Р-17). Токио изјави дека, судејќи според сѐ, таа паднала на подрачјето на ексклузивната економска зона на Јапонија. Според јужнокорејската војска, ракетата прелетала околу 450 километри. САД соопштија дека летот траел шест минути и дека ракетата паднала во Јапонското море. Рускиот систем за предупредување за ракетен напад навремено го регистрираше лансирањето. "Тоа беше оквалификувано дека не претставува закана за руската територија", изјави извор, пренесува "Лента.ру". При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
fineweb-2
Ако сакате да научите како да изградите Play Store апликации, ова е Академијата за Вас. Не е потребно претходно знаење, но ако имате познавање од Јава тоа ќе биде во Ваша корист. Академијата е целосно практична, затоа што сите студенти во текот на истата, заедно работат на три мобилни апликации: апликација за зачувување на звук, апликација за временска прогноза и оптимизатор за веб страна како Android апликација. Пред завршувањето на програмата ќе имате што да прикажете во Вашето портфолио. Real-life Story Многу често се среќавам со луѓе кои што сакаат да сменат кариера, но незнаат дали тоа ќе им се исплати за воиднина. Кој е процесот што треба да гопоминат и како потоа да се позиционираат на пазарот за труд? Размислете, " Зошто луѓето се одлучуваат да сменат кариера во ИТ? " ( h3) Најчестите причини кои ги среќавам: - Стресот! Непостои работа која не е стресна, но доколку имате констентен стрес на работното место тоа влијае во сите сфери од животот; - Ограничување! Достигнуваш еден степен до кој напредуваш, и потоа не чуствуваш дека можеш да растеш професионално. Ограничен си, имаш желба да напредуваш, но гледаш дека неможеш. Што не е случајво ИТ сферата. - Парични средства! Не си задоволен со месечните примања. Сакаш да заработуваш повеќе. ИТ девелоперите се вбројуваат во едни од најплатените професии. - Нови предизвици! Самата област "Андроид девелопер" е предизвик. Имa повеќе причини меѓу кои, никогаш неможеш да кажеш дека сѐ си научил. Постојано се соочуваш со нови предизвици и нови работи кои се учат. Работиш со нови технологии и се ова те насочува да се подобруваш и самиот. Зошто кариера како "Андроид девелопер"? - Како што знаеме сите, во последно време смартфоните се дел од нашиот живот. Ги користиме секаде, дома, наулица, кога сме излезени… - Во светот постојат 2,7 милиони смартфон корисници - 40% од луѓето пребаруваат само на смартфон! Голем број веќе не ни користат компјутери и лаптопи, освен за работа. - Според "user experience" корисниците повеќе сакаат да користат апликации отколку да посетуваат веб страни кои што се - Овие статистики ни кажуват дека потребата од Android девелопери на пазарот се повеќе ќе се зголемува и се повеќе ќе бидат потребни во иднина. Што е потребно за да станеш Android Developer - Лаптоп или смартфон; - Соодветен ментор. Aко немаш никакво познавање од програмирање, а посетуваш бесплатни онлајн курсеви, ќе нема ко јда ти објасни што се ти е потребно. Процесот на учење не е толку едноставен и брз. Онлајн курсевите не се соодветни за почнување од 0, туку за надоградување. - Вложување на многу време за програмирање. Кога работите треба да имате во предвид дека не треба да брзате, бидејки се што правите на брзина не е доволно добро. Многу е значајно кодот што го пишувате добро да го разберете. Исто така треба да имате во предвид дека треба да вложите константен напор. - Луѓето кои почнуваат со девелопмент, имаат проблем бидејќи мислат дека ако го ископираат решението/кодот ќе го решат проблемот. Но, не е така! Кога ќе аплицирате за работа во ИТ компанија, никој нема да ја "симне" апликацијата за да види дали работи, туку ќе го види кодот кој е напишан. - Трпение, без откажување бидејки на секој му се случува да "заглави" на проблем кој не се решава ни со саати. Бенефити во работа со Андроид - Кога знаете да програмирате можете да создадете апликации какви што посакувате. Исто, можете да развиете идеjа и да ја имплементирате. Апликацијата во финална верзија не се "прави" за еден до два месеци, но сепак може да се направи почетна верзија која понатаму ќе се надоградува. - Ќе имате можност да работите работа која ќе Ви причинува предизвик бидејќи ќе решавате проблеми и ќе барате решенија. Но исто така преку апликациите можете да решите проблем и во другите сфери во животот. Пример, да разивете апликација која во точно време ќе покажува во колку часот точно стига автобусот, за кој сте платиле карта преку апликацијата. - Чуство на исполнетост дека сте изградиле апликација која ќе му помогне на некој и ќе го подобри општеството или процесите. - Можност за работа од дома; - Високи плати; Никогаш не било полесно да направите промена на кариера! Без разлика дали имате искуство или не, дали сте адвокат или економист, ако сакате да ја промените вашата кариера и да започнете нова, направете го првиот чекор денес. Во делот на предавачи ќе прочитате за реални приказни кои промениле кариера со помош на нашите ментори. Возможно е и зависи само од вас! Загарантирана пракса Со оваа програма имате загарантирана пракса, што може да трае од 1 до 3 месеци по договор. Ќе работите со ментор на одреден проект и ќе се стекнете со самодоверба сами да изградите апликација. За повеќе информации за праксата побарајте ги нашите координатори. Загарантирано знаење Ако поради 'X" причина пропуштите час, менторите Ви се достапни за да Ви помогнат. Нашето ветување е дека : Ниеден студент нема да каже "Јас не научив овде ништо.". Мојата идна професија Android Developer . Партнерства Целта на Креатив Хаб не е само да го сподели знаењето на искусните предавачи туку и да ве поврзе со професионалци во Android Development. Неретко организираме настани со визитинг предавачи или "live coding" за колеги од ИТ компаниите да го оценат Вашиот напредок. Искористете го ова за да најдете потенцијален работодавач. Ние сме заедница во која соработуваме со голем број компании, не само ICT школа. Помош при развивање на личен продукт Ако Вашата цел не е да се вработите, туку да ги изградите ваш app store бизнис и Ви е потребен ви е партнер или финансирање, можеме да Ве насочиме како да започнете со Ваш бизнис или ко-основачи. - Преглед на програмскиот јазик Java - Android Studio IDE - Вовед во Android оперативен систем и апликации - Структура на апликацијата и UI дизајн - Компоненти на апликацијата - Gradle build tool - Git version-control system - Networking API, databases/data storage - Debugging - Dependency injection - Reactive Programming - Architecture considerations и patterns - Нотификации - Практични совети за градење Android апликации На Македонски јазик • Зорица Царева in Зорица е senior iOS и Android девелопер во HASELT со големо искуство како тим лидер и ментор. Зорица има повеќе од 5 години искуство воразвој, одржување и лансирање на мобилни апликации за Play Store & App Store. Success stories Во прилог прочитајте за искуствата на студентите менторирани од Зорица "Се преорентирав и сменив кариера комплетно од корен. Претходно бев 9 години во правната дејност, од кои 8 и пол во извршување. Во еден момент сфатив дека можам многу повеќе да бидам во животот, отколку што сум во таа професија во која бев 9 години. Дојдов до моментот кадешто немаше повеќе предизвици или лично развивање и не напредував повеќе.Знаев дека можам да направам повеќе на кариерен план, а и во професијата во која бев не ми се допаѓаше како се одвиваа некои работи во нашата држава. Трета работа која ми помогна да се преориентирам е тоа што имам голема пасија за технички работи. Така и се пронајдов во тоа бидејки од секогаш ме интересирало каков е процесот на правење и модификација на една апликација. Од правото одам во инженерство и секој ден се соочувам со нови предизвици.На почетокот беше сосема непознато, но со добар ментор како Зорица јас успеав да направам еден добар чекор во мојот живот, односно да сменам професија.Топло и искрено Ви препорачувам на сите да го изберете овој пат бидејќи ќе Ви отвори многу перспективи во животот. Знаењето кое ќе го стекнете не мора да значи дека ќе го искористите само во "development", туку и во приватниот живот. Исто така бенефитите кои оваа професија ги носи зависат и од тоа колку си ТИ посветен на она што го работиш и колку се трудиш да ја заслужиш својата позиција.На почетокот почнав да учам од курсеви но сето тоа не беше ни далеку приближно на она знаење кое го добив од Зорица како ментор за Android Development." Виктор Јовановски, андроид девелопер во Хаселт "Сакам да ви кажам дека јас слично како Виктор, доаѓам од сосема непрограмерска област. Пред да се одлучам да сменам професија бев адвокат. Немав никакво познавање од програмирање, и Ви кажувам дека доколку имате желба и трпение да смените професија, тоа е можно. Со соодветен ментор како Зорица која ми е ментор уште од првиот ден, можете да научите доволно за да можете да се занимавате со оваа професија.Во оваа дејност, за разлика од тоа што го работев претходно, нивото на стрес е многу помало.ИТ секторот е паралелен универзум и во него ќе се изненадите колку луѓето сакаат да ви помогнат да одите напред и да учите. Ако мислите дека е доцна, јас почнав на 34 години да учам програмирање, без никаков контакт претходно.Значи, воопшто не е доцна само треба да имате вистинска желба.Ако започнете со туторијали, тоа се многу општи работи кои не можат да ви објаснат како детално да ја сфатите работата." Александар Гулевски, андроид девелопер во Хаселт На Албански јазик • Вулнет Лимани in Вулнет е Android девелопер со повеќе од 5 години работно искуство во Native Android Mobile App Development. Моментално е девелопер во Gold Finger и е фокусиран на application UI. Погледнете го целиот вебинар со Вулнет каде објаснува подетално за Академијата тука. Сакате да се запишете, но не сте сигурни? Бидете ни гостин на едно предавање, запознајте ги предавачите и нивниот стил. Како и слушнете ги искуствата на студентите. Аплицирајте на линкот во прилог и ќе Ви испратиме линк за приклучување доколку има активна група во моментот. Доколку нема, ќе Ви испратиме бесплатен видео запис од нашите предавања и вебинари. Пријави се и биди гостин на час За да ги погледнете сите реални проекти во Андроид групата на проф. Вулнет Лимани на албански јазик кликнете на следниот линк. Првиот проект на студентите на Андроид Академијата кај професор Вулнет Лимани. Студентите од групата на албански јазик изработија "English Dictionary". На видеото во прилог можете да погледнете дека студентите користеле: - модерен и минималистички дизајн ; - SQL датабазакаде се сторирани зборовите ; - Апликацијата има добра навигација и user experience ; - Лесно може да се пребаруваат зборовите, синонимите и примерите ; - Студентите имплементирале анимации ; - На апликацијата има додадено и звук односно " pronunciation" на зборовите ; - Можете да користите Google TTS и да видите како се изговараат зборовите. Академиите се во тек. Дополнување на оваа страна со проекти очекувајте во мај. €2,100 150 часа (5-7 месеци, 2-3 пати неделно) Плати на 15, 24, 36 или 50 рати Македонски и Албански јазик Период за онлајн подготовка Меѓународен сертификат + Додаток на диплома со ЕКТС кредити Помош при вработување по Aкадемијата
fineweb-2
Airbnb формираше непрофитна организација која има за цел да им помогне на граѓаните од итните служби да најдат сместување во време на криза, како што е сега со пандемијата. Новата Airbnb.org е создадена заедно со Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина, како поддршка за работниците и волонтерите кои се борат против кризата со Ковид-19 и други видови итни случаи. "Основањето и поддршката на Airbnb.org ни овозможува двојно да ги вложуваме нашите напори да им помогнеме на заедниците кои имаат потреба од целиот свет, во координација со нашите партнери", рече Џои Гебија, коосновач на Airbnb и претседател на Airbnb.org. Во текот на следните две години, Airbnb.org ќе одвои еден милион долари за покривање на престојот за вработените и волонтерите кои ги поддржуваат заедниците ширум светот погодени од хуманитарни катастрофи. Коосновачите на Airbnb, Брајан Чески, Џои Гебија и Нејт Блечарчик одвојуваат шест милиони долари за програмата. Покрај ова, организацијата ќе им овозможи на домаќините на Airbnb да обезбедат бесплатен и поевтин престој на луѓето погодени од итни случаи, вклучувајќи природни катастрофи и пандемија. Домаќините кои ќе ја поддржат програмата, за возврат ќе добијат посебен беџ на нивниот профил како признание за нивната поддршка.
fineweb-2
Англискиот фудбалски репрезентативец и член на Челси Рубен Лофтус -Чик го продолжи договорот со тимот од Лондон до 2024 година. "Навистина сум среќен и задоволен што можам да останам тука уште пет години. Тоа е местото каде што пораснав играјќи и се надевам дека ќе играм овде уште многу долго" изјави фудбалерот по официјалната промоција на новиот договор.
fineweb-2
Иван Сергеевич Тургенев бил руски романописец, драмски писател, поет, преведувач. Бил еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Тој ја популаризирал руската книжевност на запад. Неговите дела извршиле големо влијание врз новелистиката. Овој значаен претставник на рускиот реализам воедно го смислил и изразот "Тургеневска девојка". Луѓето замислувале поспана и меланхолична девојка, но во реалноста терминот означува храбра и паметна млада жена со силен морал, која е умствено многу посилна од мажот. Прочитајте ги во продолжение неговите цитати. Прекумерната гордост е симбол на ситна душа. Секоја мисла потсетува на тесто: треба добро да се измеси и со неа можеш да направиш сè. Постојат 3 типови егоисти: Егоисти кои живеат и им даваат и на другите да живеат, егоисти кои живеат, но не им дозволуваат на другите да живеат и на крајот – егоистите кои ниту живеат, ниту им даваат на другите да живеат. Вистината која не е изречена во вистинското време е полоша од лагата. Постојат некои моменти во животот, некои чувства кои еден може само да ги посочи и одмине. Беден е оној кој живее без идеали. Постојат насмевки полоши и од солзи. Доколку вечно го чекаш вистинскиот момент, никогаш нема ништо да започнеш. Зборот "утре" е измислен за неодлучните луѓе и за децата. Смртта е стара шега, но секоја индивидуа се среќава со неа одново. Љубовта е посилна од смртта и од стравот што настапува пред смртта. Несфатени се само оние луѓе кои или не знаат што сакаат или не се доволни вредни да бидат сфатени. Ништо не заморува повеќе од недуховит ум. Без оглед колкупати ќе чукаш на вратата од природата, таа секогаш ќе ти одговори со разбирливи зборови. Среќата е како здравјето, доколку не го забележуваш значи дека го имаш. Душата не е јаболко – не можеш да го разделиш. Солзите се слични на бура – после нив човекот е секогаш помирен. Бескорисно е на човекот со предрасуди да му се докажува неоправданоста од ваквите мисли. Кога еднаш ќе ја навикнеме својата совест да прифати нешто како "нужно зло", сè повеќе работи почнуваат да ни изгледаат "нужно", а сè помалку како "зло". Седиме во кал… и досегнуваме по ѕвездите. Ако го чекаме моментот кога сѐ, апсолутно сѐ ќе биде подготвено, подобро и да не почнуваме. Прочитајте ги и следниве мисли за слободата кажани од големи умови.
fineweb-2
Српските медиуми пренесуваат дека на почетокот на состанокот во Белата Куќа, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му е предаден документ на кој Србија треба да го признае Косово уште денес. "Се е пред време спремно, Албанците знаеа се" , пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на дипломатск извори. Сеуште никој официјално ја нема потврдено информацијата.
fineweb-2
Age of Woe доаѓаат од Гетеборг и во основа се дет метал бенд со панкерско-крастерски примеси. Зад себе имаат два албуми, а третиот "Envenom" излегува за неколку дена и тоа на плоча. Во меѓувреме снимија и спот и стримуваат уште две песни од албумот. Сето тоа звучи многу моќно, прљаво и мрсно. Многу добар бенд.
fineweb-2
Хашкиот трибунал на 31 март ќе му ја изрече пресудата на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, соопшти попладнево судот во Хаг. Во одлуката, која ја потпиша претседавачот на судот, Жан-Клод Антонети, на властите во Србија им се наложува да ги преземат сите неопходни мерки да го обезбедат присуството на обвинетиот во изрекување на пресудата. Официјален Белград има рок до 15 март да го извести трибуналот за сите потешкотии кои би можел да ги има во спроведувањето на налогот. Во врска со објавата на Хашкиот трибунал дека пресудата ќе му ја изрече на 31 март, Шешељ изјави дека тоа не го интересира и дека нема да замине доброволно. "Не ме интересира, јас Хашкиот суд уверливо го победив. По 12 години затвор буквално ме исфрлија", рече Шешељ за Танјуг. Шешељ е обвинет за злосторства врз Хрвати и Муслимани во периодот од 1991-93 година.
fineweb-2
Еден од најдобрите светски ракометари и еден од ретките ракометари на светска цена кои траат, Микел Хансен, би можел следната сезона да го напушти тимот од Париз и да се врати назад во Данска. Освојувачот на светската титула со Данска во Катар, пристигна во Париз Сен Жермен во 2012-тата година , а тековниот договор му истекува токму следната година. Според данските медиуми, Хансен вербално псотигнал договор со Алборг и по истекот на обврските со францускиот шампион ќе се врати во својата матична земја. Во досегашната кариера Хансен има настапувано за Копенхаген, Гудме и Барселона и во 219 настапи за селекцијата на Данска има забележано 1099 погодоци.
fineweb-2
– Според анализите на сите разузнавачки и безбедносни институции, Мијалков ја нема напуштено земјава, правиме напори и верувам дека тој ќе биде фатен и пратен во притвор. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес конференција на која откри дека нема намера да поднесе оставка затоа што одговорноста лежи во ОЈО и судот.
fineweb-2
Галеријата ќе биде преносна и лесно монтажна. На една локација вообичаено би стоела околу 3-4 недели, но доколку се обезбеди добра и интересна локација, може да стои на иста локација и една изложбена сезона од три месеци. По демонтирањето ќе биде поставена на друго место или одложена на пократок период во магацин НОВ ПРОСТОР ЗА НЕЗАВИСНАТА СЦЕНА Прва монтажна и мобилна галерија ќе добијат уметниците што од разни причини имаат проблем со наоѓање простор за презентирање на своите дела. Просторот би требало да почне да функционира во март, а галеријата сѐ уште е во фаза на изработка. - Галеријата ќе биде преносна и лесно монтажна. На една локација вообичаено би стоела околу 3-4 недели, но доколку обезбедиме добра и интересна локација, може да стои на иста локација и една изложбена сезона, која во принцип не трае повеќе од три месеци, за потоа да биде демонтирана, поставена на друго место или одложена на пократок период во магацин и повторно наместена на истиот, близок или некој друг простор - вели Анита Ивковиќ од Центарот за современи уметности-Скопје, чија идеја е мобилната галерија. Во периодите кога ќе нема активности галеријата ќе им биде на располагање на сите заинтересирани, а во иднина намерата е да се организираат и патувачки изложби и настани насекаде низ Македонија. - Сакам да напоменеме дека Скопје како главен град нема независен културен простор, најчесто галеријата ќе се поставува на локации во Скопје, но наша цел е и да одговориме на секое барање на независните институции или уметници од внатрешноста и галеријата да ја направиме лесно достапна за сите - вели Ивковиќ. Со монтажната мобилна галерија конечно Скопје и другите градови и села ќе добијат реален независен простор каде што ќе можат да се претставуваат различни проекти од сите области на културата и уметноста. Од Центарот за современи уметности укажуваат дека галеријата ќе покаже дека игнорирањето на потребите на независната култура не дава резултат бидејќи секогаш ќе се појават начини и форми, кои ќе пркосат и ќе успеат да ги пробијат бариерите и да испливаат на површина. - Практично преку галеријата ќе покажеме дека и во услови на затворени јавни институции незаинтересирани за соработка со независната уметничка заедница постои начин за нивно целосно заобиколување и сервисирање на културната продукција, публика и граѓаните и нивните потреби. Долгорочно ова би требало да влијае и на самите институции, кои конечно ќе сфатат дека тие не се "папокот на светот", туку сервис на граѓаните, а ако не ја извршуваат таа функција граѓанските организации се кадарни и способни да пронајдат иновативни решенија на проблемите - вели Ивковиќ. Иновативни решенија на проблемите Според нивните искуства, повеќе од пет години независната културна сцена и уметниците во Македонија, а особено во Скопје, немаат простор за дејствување. - Јавните културни установи се соочуваат со огромна декаденција, политички притисоци и несоодветни кадровски решенија. Во такви услови независната култура, уметничкото изразување и слободната мисла немаат некои големи можности за развој. Просторите како "CIX", "Куршумли-ан", "Точка", "ЦК" се одамна евтаназирани или поради прескапите трошоци што ги генерираа или поради откажување на поддршката од јавните институции - велат од Центарот за современи уметности Скопје, една од најстарите независни културни институции во минатите 20 години. Во периодот [PHONE] г. центарот го имаше просторот "CIX галерија", кој во 2002 г. е затворен, како што велат поради огромните трошоци, а во периодот 2003-2007 г. во соработка со Музејот на Македонија креираа еден од првите хибридни простори - галеријата "Куршумли-ан" (партнерство помеѓу национална институција и НВО), кој исто така не успеа да опстои. - Оттука и идејата за мобилната галерија како креирање сопствен, независен и екстремно евтин за одржување, а со тоа и одржлив простор за дејствување - велат од центарот. Одличен одѕив на конкурсот Центарот за современи уметности лани објави повик до сите ликовни уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат идеи за настани во мобилна монтажна галерија, кои ќе бидат реализирани во текот на 2014 година. Има голем интерес и пристигнати се доста пријави. Повикот се однесува на самостојни ликовни проекти и еден мултимедијален проект на уметници/куратори/уметнички групи, кои ќе бидат целосно реализирани најдоцна до средината на јуни годинава, во соработка со Центарот за современи уметности. Финансиската конструкција на настаните може да биде до 40 илјади денари. Настаните ги селектира жири на центарот. Не постојат ограничувања во изборот на медиумот или, пак, во старосната граница на повиканите. Спроведувањето на проектот "Мобилна монтажна галерија" на Центарот за современи уметности е поддржано од проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира фондацијата "Отворено општество-Македонија". Автор: Весна Дамчевска / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови.
fineweb-2
Товарно возило кое било паркирано во двор вчера вечер било опожарено во Прилеп. Повредени лица од пожарот нема, а на местото бил извршен увид. Спорд пријавеното, синоќа во 22.50 часот во Полициската станица Прилеп, од Територијалната противпожарна единица Прилеп било пријавено дека на ул. "Марагара" во Прилеп било опожарено товарно возило "мерцедес", со ресенски регистарски ознаки, сопственост на З.Б. од Прилеп, а паркирано во дворното место од куќата на Г.С.
fineweb-2
За убави украси навистина не ви треба многу време или материјал. Малку имагинација е доволно, а често веќе го имате најголемиот дел од потребниот материјал во куќата. Така, можете да направите украси со помош на стари тегли. Потоа, ставете внатре фигури по ваш избор. Класичен избор би била фигура на мало јагне, Дедо Мраз, борови гранчиња, но слободно користете какви било фигури што ви се достапни. Ако сакате, можете да ја затворите теглата и да ја украсите со лента. Теглите можете да ги наполните и со стари лампиони. Еднобоен или шарен аранжман со лампиони во различни бои е навистина ефективна декорација и е лесна за правење. Наместо со лампиони, можете да ја наполните теглата со калапи за колачиња: ѕвезди, елки, срца – сè е добредојдено.
fineweb-2
Бостон Селтикс успеа да остане во игра откако ги победи Мајами Хит во 5тата игра на финалето на источната конференција. Тие успеаа да ја истопат разликата на Мајами од првото полувреме и победија со резултат од 121-108. Џејсон Тејтум постигна 17 од своите 31 поен во третата четвртина, а Џејлен Браун додаде 28. "Знаевме дека мора да бидеме подобри. Ова е борба за живот. Ни требаше колективна игра во второто полувреме и успеавме во тоа" изјави Тејтум. "Одлично изигравме во второто полувреме. Тоа треба да се повтори во следната игра. Ние сме во таква ситуација кадешто немаме право на грешки" додаде тренерот Бред Стивенс. Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
fineweb-2
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски денес ќе остварат работна посета на Куманово. Според најавите Чавков и Савовски во 13:30 часот во просториите на невладината организација "Мултикулти" ќе остварат средба со претставници од месната заедница "Тоде Мендол", како и со претставници на невладиниот сектор. Целта на посетата, соопшти МВР, е да се направи согледување за моменталната состојба на подрачјето на засегнатата месна заедница и заеднички да се утврдат приоритетите за дејствување и зајакнување на комуникацијата помеѓу полицијата и граѓаните.
fineweb-2
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија пет случаи на царински измами, мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани алкохолни пијалоци, лекови за потенција, автоделови, регистарски таблички, летечка камера, фалсификати и друго. Вкупно 218 парчиња разни видови на автоделови, откриени при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце Автопат. Непријавените автоделови биле пронајдени во две картонски кутии сместени во возачката кабина на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка. Loading... Едно парче употребувана летечка камера марка PHANTOM, откриена при контрола на патничко комбе со германски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената летечка камера била пронајдена во мал црн куфер сместен во багажниот простор на комбето и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка. [wpdevart_like_box profile_id="1414421878780055″ connections="show" width="300″ height="550″ header="small" cover_photo="show" locale="en_US"]
fineweb-2
Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребите на пазарот на трудот, политиките во пензискиот систем, предучилишното образование и ранливите категории на граѓани "Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се наоѓа населението", нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција. "Како Министерство кое во фокусот ги има најранливите групи на граѓани, децата, работниците, пензионерите, лицата со попреченост, имаме реална потреба од попис организиран согласно стандардите на Обединетите нации и според правилата на Евростат", истакна министерката Шахпаска. Таа додаде дека врз основа на податоците што ќе се добијат од пописот, Министерството за труд и социјална политика и Владата ќе можат да ги градат идните политики и стратегии, кои ќе овозможат ефикасен одговор на потребите на граѓаните. "Од одговорот на прашањето каква е старосната структура на населението, зависат нашите политики за проширување на капацитетите во предучилишните установи, за изградба на домови за стари лица,"посочи Шахпаска. Министерката истакна дека потребите на пазарот на трудот и насоките во кои треба да се движат обуките и преквалификацијата на работната сила се важен предуслов за ефикасно намалување на невработеноста, но и за обезбедување економски раст. Таа потенцираше дека преку пописот ќе добиеме одговор и за : Дали и колку е застапена родовата еднаквост на пазарот на трудот? Каква е состојбата со родовото одговорно буџетирање? Податоци од кои потоа ќе зависат нашите идни стратегии. "Податоците од пописот ќе овозможат на вистински начин да ги планираме политиките во пензискиот систем, за да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани. Како држава имаме обврска да се грижиме за лицата со попреченост и да обезбедиме нивна целосна инклузија. Тоа е возможно само со скенирање на реалната состојба на теренот", истакна министерката Шахпаска. Таа посочи дека ова се само дел од прашањата чии одговори ќе ги добиеме со спроведувањето на пописот, а тоа ќе ни овозможи дефинирање на реалните потреби на населението. "Пописот не е наш избор, тоа е наша обврска. Должни сме да креираме стратегии и политики кои одговараат на потребите на граѓаните и кои ни ја отвораат европската перспектива", заклучи Шахпаска.
fineweb-2
Само неколку минути по затворањето на гласачките места на локалните избори во Штип, почнаа да пристигнуваат честитки за новиот градоначалник, кандидат на СДСМ, д-р Сашко Николов. Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски му ја честиташе победата на Николов. ,,Победа во Штип", објави на социјалните мрежи Николовски. Според СДСМ, постигнат е потребниот цензус во првиот круг гласање за градончалник на Штип. Излезени се над 14.000 гласачи или 34, 05 насто од потребниот цензус. Требаше да излезат половина од запишаните гласачи или 13.996. Со исполнување на законскиот цензус, јасно е дека победата ја однесе кандидатот на СДСМ, бидејќи ВМРО ДПМНЕ ги бојкотираше изборите и немаше свој кандидат. Сите други кандидати имаат мал бррој на освоени гласови. "Штип е град на сите штипјани и тоа така ќе остане, кој од која политичка партија е тоа не не интересира, важно е дека СДСМ ќе го води Штип напредните 10 месеци и уште 4 години", порача Николов. Тој додаде дека како прва работа која ќе ја направи како градоначалник на Штип е тоа да формира фонд со цел секој граѓанин да добие заштитна маска по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.
fineweb-2
Бригадниот генерал Зоран Милески е новиот командант на Здружената оперативна команда. Во кумановската касарна "Боро Менков" денеска со воена свеченост беше извршено примопредавањето на должноста. Милески во своето обраќање истакна дека обучувањето на командите и единиците, добрите меѓучовечки односи, создавање на подобри услови за работа на вработените, но и справување со сите видови на закани се клучните сфери на кои ќе се посвети наредниот период. -Изминатиот период беше тежок, исполнет со предизвици на секое поле, прогласена кризна состојба на делот од јужната и северната граница каде повеќе од една година нашите единици се ангажирани за справување со бегалската криза , исто така не изостана поддршката на цивилното население при отстранување на последиците од елементарната непогода предизвикана од поројните дождови во скопскиот и тетовскиот регион. Токму поради ова , довербата и одговорноста која ми е доделена со моето назначување за командант на ЗОК ми претставува исклучителна обврска, чест и уште поголема одговорност да продолжам да работам со сите свои сили се со една цел- постигнување на врвни резултати. Припадници на ЗОК , заедно ќе продолжиме со поддршката на градењето на капацитетите на армијата за интеграција во евроатланските безбедносни институции, подготвени да го дадат нашиот придонес во операциите за поддршка на мирот во кризните подрачја ширум светот, изјави Зоран Милески, новопоставен командант на ЗОК Новиот командант на ЗОК е поставен со указ на врховниот командант на вооружените сили и претседател на РМ Ѓорѓе Иванов, а досегашниот командант генерал -мајор Васко Ѓурчиновски е назначен за висок воен претставник на РМ во седиштето на НАТО во Брисел. -Резултатите на нашата работа денес можат да се видат на јужната и северната граница , како и од операциите за поддршка на мирот и многубројните меѓународни вежби каде што учествувавме. Верувам дека новиот колектив ќе го водите во вистинска насока на остварување на нашите национални интереси и цели и ќе бидете подготвени да одговорите на сите идни предизвици, изјави Васко Ѓурчиновски, досегашен командант на ЗОК Заменик на началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Мухамед Рацај предавајќи го военото знаме на новиот командат на ЗОК му посака успешно командување и водење на командата која досега постигнала високи резултати и посветеност во спроведување на реформите во одбраната. -Оваа команда во изминатиот период постигна високи резултати во оспособувањето на единиците за извршување на наменски задачи и исклучителна посветеност во спроведувањето на реформите во одбраната. Да се биде на чело на ЗОК претставува огромна обврска но и голем предизвик. Ве уверувам дека ќе ја имате потполната поддршка од генералштабот на АРМ во решавањето на секој предизвик. Затоа уште еднаш , на новиот командант, му посакувам успршно да се справува со сите предизвици и да продолжи по патот на понатамошна доградба на рејтингот на командата со постигнување на зацртаните цели на АРМ, изјави Мухамед Рацај, заменик на началникот на ГШ на АРМ На свеченоста присуствуваа и генерали во АРМ, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици на АРМ и други гости.
fineweb-2
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија одржа прес конференција на која објави дека Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам "AdventureNext – Balkans", која ќе се оддржи во Мај, 2016 година. Конференцијата ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија, и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA). На прес конференцијата се обрати Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, Христијан Делев, заменик министер за економија на РМ, и Крис Дојл, извршниот директор на АТТА за Европа. "По неколкугодишен ангажман во бројни балкански дестинации и лично искуство со интернационалниот туристички потенцијал на овие новоразвиени дестинации од светска класа, Интернационалната асоцијација за активен туризам ги здружи силите со Македонија за заеднички да ја одржиме првата европска регионална конференција за активен туризам. Настанот е наречен " AdventureNext – Balkans " и ќе привлече околу 300 лидери и носители на одлуки од областа на туризмот, вклучувајќи и дел од најзначајните интернационални туроператори и медиуми," изјави Крис Дојл, извршниот директор на АТТА за Европа. "Тридневната "AdventureNext – Balkans" конференција ќе ја интензивира соработката меѓу чинители од балканските земји во областа на туризмот со цел зголемување на достапноста на културите и природните туристички ресурси на регионот, како и обезбедување на квалитетна испорака на туристички услуги. Развојот на активниот туризам ќе доведе до значителни економски бенефиции за Македонија затоа што активните патувања се најбрзо растечкиот сегмент од светската туристичката индустрија. Македонија е една од земјите која го гледа туризмот како прироритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно-историските споменици кои привлекуваат многу домашни и странски туристи. Според прогнозите на Светскиот совет за патувања и туризам (World Travel и Tourism Council – WTTC) балканските држави ќе претставуваат 6-та дестинација според привлечност/атрактивност во светот", изјави Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ. По завршувањето на прес конференцијата беше одржана презентација пред сите чинители од областа на туризмот во Македонија со цел споделување на детални информации за европската регионална конференција за активен туризам, отворање на можности за нивно вклучување во конференцијата, како и нивно вмрежување за реализација на долгорочните стратешки цели за оддржлив активен туризам во Македонија и на Балканот. На презентацијата и работниот состанок исто така беше најавена обуката "АТТА AdventureEDU" која ќе се одржи на 27 и 28 март оваа година и чија цел ќе биде подготовка на чинители од областа на туризмот за одржувањето на европскиот регионална конференција за активен туризам. Превземено од Агенција за промоција и поддршка на туризмот
fineweb-2
Писмо до Антикорупциската комисија од вработени во влада кои укажуваат дека: 1. Советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски, со специјални контакти со кабинетот на францускиот претседател Макрон, лаже дека живее во Париз, како што излажа и премиерот Заев. Љупчо Зафировски поради долгови кон доверители во Македонија, нема никаква сметка во државава, па месечната плата од 1.200€ му се исплаќа на сметка во Србија, што кон доверителите е кривично дело измама кое го прави советникот, а Премиерот е соучесник 3. Советникот со примањето на плата надвор од Македонија веројатно го избегнува и плаќањето на данок во Македонија! Ангажирањето на вакви советници е срам за Македонија и навреда за Франција! Превземено од фејсбук страната на Антонио Милошоски.
fineweb-2
ПИНА како еден од своите главни продукти во ноември 2017 го лансираше Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје (ИФФС), неколкудневен медиумски настан кој за прв пат се одржа во Македонија. Оттогаш се одржаа три изданија на фестивалот, а во тек е и подготовката на четвртото издание. Секоја година нудиме богата фестивалска програма која е поделена во два сегменти, со филмови посветени на истражувачкото новинарство и други медиумски трендови, како и бројни дебати, работилници и говорници од земјава, регионот, Европа и пошироко кои се фокусираат на разни актуелни теми од областа на новинарството и медиумите. Програмата и концептот кои ПИНА ги подготви досега за трите фестивалски изданија може да се погледнат на веб сајтот на фестивалот iffs.mk. Посетителите на настанот секоја година можат да изберат да погледнат филмски проекции, панел дискусии, работилници и разговори фокусирани на влијанието на истражувачкото новинарство, но и на други прашања и предизвици во медиумскиот свет. Досега, ПИНА и ИФФС беа домаќини на преку стотина говорници од САД, Европа, регионот и домашната медиумска сцена кои говорат за најсовремените трендови во новинарството и медиумите. ИФФС е исто така настан каде, новинарите, филмските и медиумските професионалци и други ентузијасти од регионот и пошироко, можат да се поврзат и да развијат идни приказни и филмови. Фестивалот исто така се стреми да ја едуцира и информира публиката за новите трендови на светската медиумска сцена и има огромно влијание и придонес во медиумската писменост во земјата. ИФФС е настан кој нуди пристап до иновации и секогаш се стреми да ги презентира најновите и иновативни трендови во новинарството.
fineweb-2
Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата "Неделен Брифинг со Сотир Костов" зборуваше за темата која е многу актуелна и е поврзана со пописот во државата. Мицкоски потенцираше дека нема проблем со процентите од пописот, туку проблемот е што власта сака да ја украде иднината на сите граѓани. -Јас велам може да се направи електронски попис според Еуростат, еве како што е Еуростат во Словенија, во Данска, во Белгија направете го така за да добиеме одговор на прашањето како да се развива оваа Македонија, оставете ги процентите небитни се. Дајте луѓе децата дома да си ги задржиме и да ги елиминираме овие лопови во политиката кои крадат гласови од луѓето за да може да имаат убав живот бидејќи друго не знаат што да работат. Тоа е суштината која јас се залагам да ја направиме, рече Мицкоски.
fineweb-2
Погледнете што вели хороскопскиот знак за вас и дознајте дали спаѓате во групата од строги мајки. Мајките се олицетворение на љубов, блискост, топлина и љубезност. Што и да направат за своите деца, тоа е со добра намера. Секоја мајка ќе стори сè за да го заштити своето дете од лоши влијанија и непотребни проблеми, но некои по својата природа се сериозни и имаат строг пристап кон родителството. Еве во кои хороскопски знаци се раѓаат најстрогите мајки: Јарец Мајките во Јарец знаат дека се практични. Тие се познати по својата рационалност, но понекогаш се многу строги и сериозни. Затоа важат за најстроги мајки. Бик Мајките родени во хороскопскиот знак Бик се тврдоглави и строги, па сакаат сè да функционира како што замислувале. Тие се трудат да им всадат силни морални и етички убедувања на своите деца. Девица Девиците се перфекционисти, доста педантни кога станува збор за родителството. Тие сакаат нивните деца да бидат успешни на училиште, но и да се истакнуваат во воннаставни активности. Скорпија Мајките Скорпии се страствени души. Тие сакаат нивните деца да бидат добри и успешни, па затоа им ги наметнуваат своите амбиции. Затоа тие претставуваат авторитарна фигура од која децата често се плашат. Хороскопот понекогаш може да претпостави, а некогаш не. Сè зависи од вас, вашиот карактер и односот со вашето дете. Прочитајте и: Ова е убедливо најмудриот хороскопски знак: Овие луѓе никогаш не грешат и невозможно е да ги измамите! ФОТО: Getty Images
fineweb-2
Од нашите сознанија од дијаспората, голем број од тие што сакале да се регистрират денеска онлајн, се соочуват со проблеми при регистрацијата, обвини Алтернатива преку партиско соопштение. Техничките проблеми, враќање неколку пати во почеток на постапката за регистрација, неприфаќање на матичниот број и ред други проблеми, освен што предизвикуваат голем револт кај албанската дијаспора, создаваат и сомневање за манипулација со пописот. Имајќи ја предвид оваа ситуација, ние како Алтернатива апелираме до Државниот завод за статистика и до Владата на Македонија веднаш да се отстранат сите технички пречки за онлајн регистрација и до тогаш да се пролонгира пописот. Ако и после ова владата не преземе ништо, можеме да заклучиме дека пописот е целосно политички манипулиран, се вели во соопштението.
fineweb-2
Не е сеедно КАДЕ ГО ЧУВАТЕ МЛЕКОТО Температурата во фрижидерот може да варира, затоа одредени делови се потопли од другите, што влијае на квалитетот и траењето на храната, а особено на млекото. Кога зборуваме за деловите што се подложни на температурни промени, тие дефинитивно се вратите. Затоа, треба да избегнувате чување на лесно расиплива храна во нив, како што се млеко и млечни производи. Земете го предвид фактот дека повисоките температури се идеални за развој на бактерии. За да може вашето млеко да трае подолго, треба да е изложено што помалку на промени на температура. Најдобро е да се чува млекото на температура од 3 до 4 степени Целзиусови. Ако имате навика да оставате млеко на работната површина или трпезариска маса додека појадувате, треба да размислите. Земете колку што ви треба и веднаш вратете го пакувањето во фрижидер. Горенаведените правила важат за кравјо, соја, козјо или бадемово млеко. Ако имате навика неодлучно да стоите пред отворена врата, додека размислувате што би можеле да јадете, имаме лоши вести – ја загрозувате целата храна. Совет е брзо да го отворите фрижидерот, да земете што ви треба и да го затворите.
fineweb-2
Лаванда, рузмарин, маслинка – дали е тоа сè што ни нудат медитеранските градини? Иако се тоа препознатливи растенија за овој тип на градини, сепак ситуацијата на терен е сосем поинаква од нашата перцепција. Медитеранската градина е препознатлива по романтичните елементи карактеристични за италијанското и шпанското поднебје, по едноставниот дизајн и достапните детали кои ја красат. Во неа има изобилство на растенија со нежни, светли бои, богати со листови, природен камен со бледи нијанси, теракота, истрошена тула и мов. Со овие материјали се изработуваат ѕидовите, рибник и други елементи, додека за патеките се користи чакал и камени плочки. При самата помисла на медитеранска градина, во нашите мисли се буди мирисот на ароматични и лековити билки, цвеќе и камени бели куќи. За да се постигне рустикалниот изглед на медитеранската градина, најпогодни материјали се стари камења и камени плочи, теракотни саксии и глинени ќупови, ситен камен за патеки и дрвени буриња. Како украс на оваа градина може да се искористи и стара ограда, стара дрвена кола и слично. Медитеранските градини се идеални за подрачја со сува летна клима и блага зима. Особено треба да се внимава на изборот на растенија и добра дренажа на почвата. При дизајнирање на медитерански двор или градина, треба да се користат светли, чисти линии комбинирани со крупни растенија. Некои растенија можете да ги засадите и во саксии за да добиете занимлив изглед. Посадете што повеќе лиснодекоративни растенија во сончевиот дел на градината. Ароматичните растенија како жалфијата, лавандата и рузмаринот ќе внесат мирис, а ружите ќе внесат и боја и мирис. Украсните треви ќе дадат занимлив облик и текстура. Во теракотните саксии засадете некое интересно растение (зимзелено со помал раст или ароматично). За да не згрешите во изборот на растенија, како типични медитерански дрва се сметаат палмите, чемпресите, бугенвилијата, маслинка, лимон, портокал, а од грмушките најкористен е олеандерот. За постудени подрачја, може да се посади винова лоза, која ќе ја има улогата на стреа или ограда. Од цвеќињата и ароматичните растенија најпопуларни за користење се ружите, лавандата, жалфијата, рузмаринот, сончогледот. Често се застапени и езерца, фонтани, водопади и базени.
fineweb-2
За најавените реформи во образованието во Утрински брифинг на Слободна ТВ дебатираа уметниците Лазе Трипков, Јана Манева Чупоска и Петар Беслаќ. Прочитајте и… Заев: Концептот Отворено владино партнерство приднесе земјата да се трансформира од заробена држава во отворен и прогресивен пример За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница. Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.
fineweb-2
Барселона, 17 мај 2020 (МИА) – Легендата на Барселона, Чави го советуваше својот поранешен клуб да не ги привлекува Пјер-Емерик Обамејанг или Садио Мане. Тој ги пофали квалитетите на двајцата, но изрази сомнеж дека тие ќе се прилагодат на стилот на Кике Сетиен. – Мане и Обамејанг можат да ве убијат на отворено, но на Барселона и требаат играчи кои знаат да се движат на кратки растојанија. Мислам на играчи кои можат да се прилагодат и такви не се лесни за наоѓање. Ето беше совршен, како што е сега Луис Суарез, прокоментира Чави. Тој зборуваше и за евентуалното враќање на Нејмар на "Ноу Камп". – Во однос на фудбалот, тој е во топ 3 или топ 5 во светот. Се надевам дека ќе се врати во Барселона. Тој е позитивен и би бил неверојатен трансфер, посочи Чави.
fineweb-2
На 29 март 2016 СЈО отвори истрага "Тврдина" за уништување на системите за следење на комуникациите од УБК, а на 17 ноември истата година и истрагата со кодно име "Таргет". Поради нивната поврзаност, кога поднесе обвинение, СЈО ги спои двата предмета во еден. На 22 декември 2017 беше закажан и почетокот на судењето. По повеќе од три години судење, процесот влезе во крајот од првостепената постапка. Во обвинението, СЈО посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20.000 граѓани. Незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1.541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или, вкупно биле следени 5.827 телефонски броеви. Обвинението, по згаснувањето на СЈО премина во рацете на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а обвинението го водат истите обвинители, Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов. Фото: Роберт Атанасовски
fineweb-2
Количината на амбалажа од рециклирано стакло во регионот на Западен Балкан е сè уште далеку од нивото пропишано од Европската унија. Додека членките на ЕУ рециклираат 70 проценти од стаклената амбалажа годишно, во Македонија и регионот та бројка е многу помала бидејќи нема погони за рециклирање, а стаклената амбалажа мора да се извезува, се вели во соопштението. Ова е голем дополнителен трошок за операторите за пакување отпад и, според тоа, бескорисен систем за рециклирање. Така, повеќето користени стаклени амбалажи завршуваат на депонии или диви депонии, каде што на стаклото му се потребни повеќе од 5.000 години да се распадне. За да се овозможат економични ефекти од рециклирање на стакло, потребно е значително да се зголемат количините на собрано стаклено пакување. Со рециклирање на еден тон стакло се заштедуваат околу 40 проценти од енергијата и 50 проценти од водата потребна за производство на нови стаклени амбалажи, додека аерозагадувањето е намалено за околу 20 проценти. На пример, со рециклирање на стаклено шише се заштедува доволно енергија за да свети сијалицата од 100W четири часа, додека со иста количина на стакло се заштедува и енергија колку што е потребен компјутер за 25 минути. Затоа ГИЗ, во соработка со операторите со отпад од пакување – компаниите Секопак, Пакомак и Екопак, започнаа регионален проект Управување со стаклено пакување на Западен Балкан, кој се спроведува во Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, со НАЛЕД како партнер за спроведување. На овој начин, ќе се работи на поставување на темелите на рентабилен ланец на вредности за рециклирање стакло во Западен Балкан, како клучен чекор за профитабилна кружна економија во регионот.
fineweb-2
Завчера, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен, т.н. "en caul" породување или раѓање на бебе во амнионска обвивка, кој се случува еднаш во 80.000 породувања. "Бебето во превез" на свет дојде со помош на асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска, гинеколог која заедно со својата колешка правеле породување со царски рез кај трудница која носела близнаци. "Како гинеколог-акушер со 18 годишно работно искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, имав прилика заедно со мојата колешка асс. д-р Катерина Николоска да породиме пациентка во термин со близначка бременост со царски рез, при што, по породувањето на првото бебе, започна породувањето на второто бебе со "воден превез". Целата екипа во операционата сала во еден момент беше благопријатно изненадена од овој природен феномен, и покрај големиот број на породувања кои ги правиме секојдневно. Навистина, тогаш сфаќаме колку е совршена природата и како ги создала совршено сите работи", вели асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска. "Раѓањето е навистина единствено и посебно искуство! ", вели д-р Николовска (десно), која породувањето на "магичното" бебе го направила со асс. д-р Катерина Николоска (лево). ШТО ЗНАЧИ "БЕБЕ ВО ПРЕВЕЗ" И ЗА КАКОВ ФЕНОМЕН СТАНУВА ЗБОР? "Во тек на бременоста бебето е сместено во матката на мајката, во обвивка која се нарекува околуплодова или амнионска обвивка, исполнета со течност, која го штити од бактерии и вируси од надворешната средина во тек на неговиот развој. Исто така, ги поддржува постелката и папочната врвца да ги извршуваат своите функции – да донесат кислород и хранливи материи од мајката кон бебето. На овој начин се развива бебето и преживува заштитено во стомакот на мајката. Породувањето понекогаш може да почне со прскање на околуплодовите обвивки и да истече околуплодовата вода или тие се прскаат јатрогено за да се забрза и олесни породувањето. Во текот на породувањето многу ретко се случува околуплодовата обвивка да не прсне и бебето да се роди заедно со обвивката во околуплодовата вода, во таканаречен "воден превез", целосно како што било и внатре во матката. Тоа се случува во едно од 80.000 раѓања. Многу ретко се случува при царски рез, бидејки околуплодовите обвивки мора да прснат, за да се породи плодот, а скоро никогаш не се случува при спонтано вагинално раѓање", објаснува асс д-р Ѓоргиевска Николовска. Како исклучително редок феномен во природата, луѓето отсекогаш му придавале мистични значења на раѓањето во "воден превез". Некои култури веруваат дека ваквото раѓање е спиритуално, па дури и магично. Насекаде во светот се верува дека раѓањето во обвивките им носи среќа и на бебето и на целото семејство. Во многу култури се верува дека бебињата родени во обвивки се родени за големи животни достигнувања. ШТО СЕ СЛУЧУВА ПО ПОРОДУВАЊЕТО? По породувањето се прскаат обвивките и се слуша најубавиот звук – првиот плач на бебето.
fineweb-2
Колку минимални можат да бидат тангите? Концептот можеби едвај го има веќе, но германската етикета "Ду Цел" од Марија Синковски го претвори сјајното парче ткаенина во нешто уште пософистицирано, што резултира во елегантна, но скоро невидлива танга. Свилен G-string со градник кој што вели "забава во задниот дел", со само три линии, и предниот "бизнис дел", што повеќе потсетува на долна облека со целосна покриеност. Синковски забележува дека секое парче е направено од свила од Франција, нешто што влијаело на името на брендот, што преведува на "Ду Цел" на француски јазик. "Не треба да чувствувате ништо кога носите свила, многу е мекa", рече Синковски. "И тоа е чувството што сакав да го пренесам".
fineweb-2
Како сиромашен рибар си го промени животот – НАЈДЕ НЕШТО ВРЕДНО 280.000 ЕВРА (ВИДЕО) Сиромашен рибар од Тајланд не можел да си поверува кога ловејќи риби пронашол нешто што му го променило животот. Тој пронашол три портокалови Мело бисери, кои се едни од најскапите во светот. Хачаи Нијомдеча (37) знаел дека вредат, но не и колку. Побрзал дома дома да ја праша својата сопруга да ја открие цената на бисерите Мело на пазарот. И тогаш за малку ќе се онесвестел – Тие вределе 280 000 евра! "Му дадов на татко ми да ги исчисти, бидејќи тој е повешт во тоа од мене. Знаев тој ден дека нешто ќе се случи затоа што сонував интересен сон. Во него ми пријде човек со долги мустаќи и ми рече да одам на плажа каде ме чека подарок. Затоа отидов наутро да видам дали има нешто во реката", рече возбуден Хачаи. Тој додаде дека тие ќе му го променат животот, но и животот на неговото семејство. "Конечно сите ќе живееме подобро. Не сакам да опишам како живеевме досега", рече тој. Како што приказната стигна до медиумите, тој доби многу понуди од заинтересирани трговци и колекционери. "Секој ми понуди многу пари, но дури ни близу до оној за кој знам дека е реален. Тие понудија по 30-40.000 евра, тоа не е доволно. Сакам да го обезбедувам своето семејство до крајот на мојот живот и ќе го сторам тоа", рече Хачаи.
fineweb-2
(Видео) Колариќ: Шилегов и СДСМ изгласаа 100% поскап паркинг во услови на пандемија На последната седница на Совет на Град Скопје Петре Шилегов со своите партиски послушници предложија и изгласаа 100% поскап градски паркинг, со образложение дека мора да се покачи бидејќи се покачени трошоците за струја и вода, изјави Светлана Колариќ советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. " Со оваа одлука уште еднаш потврдија дека немаат слух за жителите на градот Скопје. Немаат слух за кризната состојба, економската нестабилност, сиромаштијата, немаат слух за огромниот број на граѓани кои секојдневно се борат со вирусот и мака мачат како да издржат со паричните средства од месец за месец. Зар во декември и прогласена кризна состојба се носи ваква одлука? Во услови кога послабо се користи автобуски превоз, неможност за возење велосипеди и тротинети, во услови кога се брза да се завршат секојдневни активности по аптеки, лаборатории, амбуланти, поликлиники и клиники, во услови кога зрак чист воздух го земаш на Водно за време на викенд да плаќаш поскап паркинг. Шилегов удирајќи по џебот на граѓаните, удираш со глава во ѕид. Зар ова беше животот кој го ветивте за сите? Зар поскапи сметки за вода, струја, паркинг значат живот! Зар поскапување на месечен паркинг билет од 1.000 денари стара цена на 2.000 денари нова цена живот значат за вас? Зар ова беше договорот со Филипче кога им ветивте на здравствените работници бесплатен паркинг на Клинички центар? Вие со вашите политики сте еднакви на непознатиот непријател Ковид-19. Вие со вашите небулозни политики ги уништивте граѓаните на Градот Скопје. Еден ден ќе биде доцна да ги исправите грешките. Граѓаните никогаш нема да ви заборават!"
fineweb-2
Неполни два и пол часа не делат од финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Хрватска. Лино Червар се соочува со проблем, Лука Циндриќ го прескокнал последниот тренинг. Станува збор за стара повреда, најверојатно ситуацијата се влошила по оној маратонски дуел против Норвешка во полуфиналето. Хрватските медиуми пишуваат дека Циндриќ виси за мечот со Шпанија. Дали е навистина така останува да видиме наскоро.
fineweb-2
Третиот блок од РEK Битола е надвор од употреба, недостатокот на струја се надоместува од увоз, потврдуваат од ЕЛЕМ. Откако 24 Вести објави дека минусните температури го исфрлија од употреба еден од трите блока во РЕК Битола по што поради недостиг на струја ЕЛЕМ распиша тендер за увоз , првиот човек на Електрани на Македонија, Христија Мицковски објаснуваат дека увоз на струја има, но не е интрвентен. Најниската цена по која ЕЛЕМ ја набави струјата е 52,85 евра за еден мегават час, а највисоката е 64,35 за еден мегават час. Количините на струја ЕЛЕМ ќе и ги продаде на ЕВН по регулирана цена од 41 евра за еден мегават час, што е далеку пониска од набавената. Разликата во загубите ќе бидат надоместен во текот на годината кога електрани ќе ги продава вишоците на струја, уверува Мицковски. Од СДСМ пресметаа дека увозот е тежок 300 илјади евра, пари што ќе ги платат граѓаните. Интервентната набавка на струја за само два дена ги чини граѓаните 300.000 евра! Да работеа сите три блокови на РЕК Битола граѓаните ќе имаа струја и немаше да биде потрошен ни денар од нивните пари. Набавена е струја по цена од 59.3 евра за мегават час. Тоа е 36 проценти повеќе од дозолената цена за увоз од страна на Регулаторната комисија за енергетика во последната одлука (38 евра/МWh), реагираат од СДСМ од каде предупредуваат дека вистинските ризици од недостиг на струја допрва следуваат. Од 1 јануари, државната ЕЛЕМ, наместо ЕВН е обврзана да ги обезбедува неопходните количини на електрична енергија на пазарот на електрична енергија за тарифните потрошувачи.
fineweb-2
Најдобри вежби за 4 различни облици на задник Вежбате редовно за да имате цврст, подигнат и убаво обликуван задник, но никако не гледате резултати? Можеби правите погрешни вежби. Имено, за секој облик на женскиот задник постојат специфични вежби. Постојат 4 основни облици на задници: округол, правоаголен, триаголен и задник во облик на срце. За секој од нив одредена вежба дава најдобри резултати, а во продолжение погледнете кои се тие вежби. Ако задникот ви е правоаголен, правете ја следнава вежба: 1. Клекнете на колена, потпирајќи се со дланките на подот, додека рацете ви се поставени рамно. Дланките треба да ви бидат во рамнина со рамењата, а колената во рамнина со колковите. Подигнете го едното колено од подот и кревајте ја ногата наназад кон плафонот, и понатаму држејќи ја свиткана во коленото, се додека колковите не ви дојдат паралелно со торзото. Вратете го коленото во почетната положба, но не го спуштајте сосема на подот, туку веднаш повторете ја вежбата. Повторете 10 пати со истата нога, а потоа истото направете го и со другата нога. Ако задникот ви е во облик на триаголник, правете ја следнава вежба со тег: 1. Застанете во прав став, држејќи тег во висина на колковите. Колената свиткајте ги малку, а за сето време грбот мора да ви биде рамен. Потоа свиткајте се во половината и почнете полека да мафтате со тегот пред нозете, се додека не дојдете до нив. Задржете се една секунда, притоа силно стискајќи ги мускулите на задникот, а потоа вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 20 пати. Ако задникот ви е во облик на круг, правете ја следнава вежба со топка за пилатес: - Легнете на грб, рацете испружете ги во рамнина со рамењата, а нозете подигнете ги на топката. Со петите притиснете ја топката и подигнете го телото од подот, внимавајќи да остане рамно, односно задникот да не ви ,,потоне,,. Силно стиснете ги задникот и тетивите на колената, па почете да ја влечете топката кон себе, се додека колената не ви формираат прав агол. За време на оваа вежба треба да почувствувате силна контракција во долниот дел на задникот. Останете така пет секунди, па вратете ја топката во почетна положба. Повторете ја вежбата 20 пати. Ако задникот ви е во срцевиден облик, правете ја следнава вежба со тегови: 1. Застанете исправено со нозете поставени малку пошироко од ширина на рамењата, а стапалата свртени кон нанапред. Држејќи мали тегови во рацете подигнете ги рацете пред градите. Префрлете ја тежината на десната нога, турнете ги колковите кон наназад свиткувајќи ги колената, па испружете ја левата нога, притоа внимавајќи левото стапало да не го подигнете од подот. Делот од десната нога под коленото пак треба да ви биде речиси вертикално во однос на подот. Префрлете ја тежината на левата нога и направете ја истата вежба, водејќи притоа сметка да не се кренете во почетната положба пред почеток на вежбата. Направете ја наизменично вежбата 10 пати со секоја нога.
fineweb-2
Родителите на деца со аутизам во земјава се жалат дека нивните семејства не се опфатени во владините мерки за помош на одредени категории граѓани поради тешката економска криза предизвикана од пандемијата со ковид 19. Зоран Мијалков е родител на две деца со аутизам. Тој е разочаран од односот на државата кон овие деца. Мијалков е и претседател на невладината организација "Сплотени срца" и раскажува дека сите иницијативи кои ги преземаат за олеснување на состојбата со овие деца остануваат само на хартија, односно наидуваат само на декларативна поддршка од надлежните и тоа најчесто само пред избори. Вели дека пандемијата дополнително ги влошила нивните проблеми. "Многу од родителите останаа без работа во овој период. Имавме и случај кога во едно семејство почина мајката и сега за да може да ја чува таткото својата аутистична ќерка принуден е да ја напушти работата и преку вечер да стане социјален случај. Страшни судбини се тие. Знам дека за сите е тешко во оваа пандемија, ама за одредени категории во кои сме ние, навистина е претешко", вели Мијалков. Иако овие семејства се жалат дека немаат финансиска помош, од ресорото министерство за труд и социјална политика велат дека иако не се наброени одредени категории таксативно, дел од нив се сепак опфатени преку помошта за семејствата со мали приходи, самохран родител, невработени и др. Но семејствата со деца со аутизам велат дека се работи за чувствителна категорија и дека е неопходна помош за полесно да се справат со последиците. "И додека се обидуваме да си помогнеме самите, институциите не само што не ни помагаат туку напротив, ни одмагаат. Во Штип на пример купивме со донации возило со рампа и потоа 8 месеци требаше да протестираме и да излегуваме по телевизии за да вработат човек кој ќе го вози возилото, можете ли да замислите? ", револтиран е Мијалков. И Емша Ферати е мајка на 14 годишно дете со аутизам. Таа секој ден го носи своето дете до до училиштето за деца со посебни потреби, и не користи јавен транспорт како што вели децата со аутизам тешко одржуваат растојание и се поимпулсивни. Ферати вели дека надлежните требало да обезбедат сигурен транспорт за вакви деца. "Јас и мојот син не го употребуваме јавниот транспорт бидејќи не се чувствувам безбедно, порадии ситуацијата која што ја предизвика пандемијата. Децата со аутизам имаат проблем да одржуваат дистанца и во оваа насока има и други проблеми", вели Ферати. Еден од проблемите со кој се соочуваат овие семејства се и терапиите на децата со аутизам . Голем дел од лековите потребни за овие деца ги набавуваат од странство, а поради ситуацијата сега не можат да патуваат и да ги купат од друга земја. Доставата пак бара повеќе пари и поголеми трошоци за домашниот буџет. Психологот Едлира Дестани работи во Центарот "Го сакам виножитото", во кој членуваат десетина деца со аутизам. Таа вели дека децата со аутизам лесно се прилагодуваат на новите правила која ги наметна корона вирусот, но за нив претставува проблем кога луѓето околу нив не ги почитуваат истите. "Нормално дека ако целата популација ги почитува предложените мерки верувајте дека и децата со аутизам и посебни потреби многу полесно ќе се прилагодат на нив и ќе ги почитуваат. Тие инсистираат и другите да ги почитуваат мерките кои им се објаснети и затоа бурно реагираат кога ќе видат дека некој друг граѓанин ги прекршува овие мерки", вели прихологот Дестани. Од овој центар велат дека не е тешко да се прилагодат на новите протоколи, бидејќи и вообичаено во центарот нема групирања, оти со секое дете се работи индивидуално, просториите редовно се дезинфицираат, а помеѓу два термина се остава доволен временски простор за да се проветрат и дезинфицираат просториите. За да се ублажат последиците од пандемијата, Владата досега донесе четири пакет мерки економска помош кои тежат околу една милијарда евра.Самохрани мајки, пензионери, студенти, фирми се дел од оние кои добија таква помош. Првите три сета економска помош изнесуваа 550 милиони евра, а се реализирани 194, 4 милиони евра. Четвриот пакет мерки е проектиран на 470 милиони евра. И со последниот пакет помош се продолжува со поддршката за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември. Планирано е оваа мерка да опфати 250 илјади вработени за сите три месеци и да се потрошат 70 милиони евра. Премиерот Зоран Заев неодамна соопшти дека четвртиот пакет за справување со последиците од КОВИД-19 кризата е дополнет за околу осум милиони евра и ќе изнесува 488.803.928 денари. Со овој Ковид пакет се опфатени естрадните уметници, Асоцијацијата на танцови здруженија, приватните установи за деца, дизајнерски ателјеа за организирање свадби. Грантови, како што наведе премиерот, има за едукативни центри за деца, игротеките, центри за странски јазици, а финансиска помош ќе добијат и ноќните клубови. Во овој пакет мерки предвидена е скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници стручни соработници и други професии.
fineweb-2
Написи за Палестина од мај, 2013 Палестинецот, Анас Хамра, од Газа, тврди дека го добил испорачано неговото Кентаки пржено пилешко – по чекање од 7 часа. Неговата приказна се совпаѓа со... 11 февруари: Денот кога го враќаме ударот Придружете ни се! Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
fineweb-2
Освен Даниеле Ругани, Блес Матуиди и Пауло Дибала, нема други позитивни случаи на коронавирусот, јавува "Скај Италија". Поради таа причина добар дел од фудбалерите Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Сами Кедира и Даглас Коста што се вратија во своите родни места. Исто така се врати и Кристијано Роналдо кој е во Португалија и тренира од дома.
fineweb-2
Стефан Ристовски уште еднаш покажа и докажа дека е еден од нашите најдобри, еден од нашите клучни играчи во репрезентацијата. Секако дека Тричко беше играч на мечот, но Стефан беше командантот. Бескомпромисен, борбен до последен здив за секоја топка. Учествуваше во неколку опасни акции по голот на Естонците, но исто така одличен и во одбраната. А знаете ли каде играше фудбалерот на Спортинг Лисабон, на која позиција вечерва? Стефан од Мрме доби задача да ја покрие таа лева бековска позиција. Не ни паметиме кога искусниот класичен десен бек, а веројатно ни тој, кога играл лев бек. Но својата задача си ја одработи максимално. Нема што, Стефан е ЅВЕР, Стефан е МАШИНА. Вистински борец, еден од водачите на оваа генерација. Кога го нема Кире Ристевски, кога Џани е под суспензија, тогаш Стефан е тука, а неговото место на десната бековска позиција одлично ја одработи Егзон Бејтулаи. Секако, да не претеруваме Естонија е најслабиот тим во групата, се очекуваше наша победа. Но исто така треба да се знае дека игравме без речиси половина стандарден тим. Некогаш на овие мечеви со вакви ривали се "тресевме", често и губевме, но сега победуваме ако треба и на рутина. Така и треба. Важно е, најважно е да се победува… За МАКЕДОНИЈА…
fineweb-2
СПОРТТОП Тони Крос – совршениот фудбалер од средниот ред пред 1 недела Фудбалскиот свет зборува премалку за Германецот. Би можело да ве интересира ФА го поништи црвениот картон на Бендарек Копа Либертадорес: Ривер го "уби" Палмеирас, ама Бразилците се финалисти Нов тренер во ПСЖ – надеж за Икарди ТОП моменти кога соиграч ќе ти го "украде" голот Историја за Сан Марино прославена со солзи – два меча во низа немаат пораз! Мата одбил огромна сума за трансфер – сигурен е дека Јунајтед ќе освојува титули!
fineweb-2
Нов бран од врнежи од дожд ќе почне утревечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. – На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер, соопшти УХМР. Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
fineweb-2
Ново истражување покажа дека цицачите, птиците и водоземците низ целиот свет изгубиле 18% од нивниот опфат на природни живеалишта како резултат на човечкиот фактор, како што се зголемената употреба на земјиштето и климатските промени. Во зависност од одлуките што ги носиме во однос на климатската криза и градењето на нашите економии, овој број може да се намали на 13% или да се зголеми на 23% во следните 80 години. Студијата анализира скоро 17 000 видови цицачи, птици и водоземци и промените во нивната географска опфатеност од 1700 година. Географскиот опфат се однесува на големината на областа или живеалиштето што еден вид го зафаќа. Користејќи ги овие податоци, истражувачите предвидуваат како може да изгледа големината на овие области во 2100 година врз основа на 16 различни климатски и социо-економски сценарија. Здравите екосистеми се од витално значење за здрава планета. Отпорноста на еден вид и екосистем е силно поврзана со нивниот географски опфат. Колку е помал опфатот на областа, толку е поголема веројатноста дека еден вид може да исчезне и дека еден екосистем може да пропадне. Некои од најдрастичните намалувања на живеалишта се случуваат во тропските области поради интензивирање на земјоделството во регионот. До пред 50 години Европа и Северна Америка беа главните области на земјоделскиот раст, но во последните години, тропските области во Југоисточна Азија и Јужна Америка станаа жртви на масовно расчистување на земјиштето и загуба на живеалишта. Огромни насади со палмино масло и пасишта за производство на месо сега зафаќаат пространства претходно карактеризирани како богати и здрави природни живеалишта. "Големината на живеалиштата на скоро сите познати птици, цицачи и водоземци се намалува, пред се поради конверзијата на земјиштето од страна на луѓето бидејќи продолжуваме да ги шириме земјоделските и урбаните области", - Д-р Роберт Бејер, Универзитет во Кембриџ, катедра за зоологија Тропските предели се особено ранливи бидејќи тие се дом на многу побогати екосистеми, а се области со релативно мал периметар. Губењето на еден хектар во тропските предели подразбира многу поголема загуба на видовите отколку загуба на област со истопфат во Европа, на пример. Климатската криза исто така го намалува географскиот опфат на видовите. Промените во временските прилики, намалувањето на врнежите и загревањето на океаните, на пример, веќе драстично ги менува природните живеалишта (копнени и морски) принудувајќи ги животните да мигрираат или да изумрат. Доколку не се справиме соодветно со климатската криза, Амазонската прашума би можела да личи на пејзаж сличен на Савана во следниот век. "Откривме дека колку се поголеми емисиите на јаглерод, толку полошо станува за повеќето видови во однос на загубата на живеалишта", рече Бејер. Професор Андреа Маника, еден од авторите на студијата предупредува: "Дали овие минати трендови во загубите на опсегот на живеалишта ќе се променат, продолжат или забрзуваат, ќе зависи од идните глобални емисии на јаглерод и од општествените избори во следните години и децении… Нашата студија ги квантифицира драстичните последици врз периметарот на живеалиштата на видовите ако глобалното користење на земјиштето и климатските промени не се контролираат. Но студијата исто така го демонстрираа огромниот потенцијал на навремено и планирано дејствување на политиките за запирање – и делумно навраќање – на претходните трендови во контракциите на глобалниот опсег на живеалишта. Сè зависи од тоа што ќе правиме понатаму". The Climate Herald објавува редовни написи поврзани со климатската криза засновани на научни истражувања и разговори со специјалисти од овие области. Наша цел е да обелоденуваме како климатскиот колапс влијае на секој аспект од нашите животи, какви решенија ни се достапни и што треба да се смени за решавање на најголемиот проблем на денешнината. Џеј Ди работи како проектен менаџер и менаџер на кампањи во приватниот и во граѓанскиот сектор, како и во областа на уметноста и културата од 2010. Некои од овие улоги вклучуваат: управител на граѓанска организација фокусирана на одржлив риболов, креирање и координирање на програми за граѓанско општество и координација на програмата на локален театар. Џеј Ди има МSс во Менаџмент со животната средина и Планирање и завршено додипломски студии во Психологија на Универзитетот во Малта. Тој во моментот е вклучен во различни проекти поврзани со екологијата и животната средина, како и уметнички проекти во Малта, Северна Македонија и на европско ниво. Симона е докторант во областа на политичката екологија на катедрата за политички и социјални науки на Универзитетот Помпеу Фабра во Барселона. Таа е организатор за климатска и социјална правда и работи на пресеците на политичкото образование, управувањето и колективното делување за социјално-праведни и еколошко-здрави заедници на Балканот и пошироко.
fineweb-2
Нашата алатка за конвертирање валути користи пазарни девизни курсеви во реално време, како што е прикажано на платформите и апликациите за тргување на Fortrader. Искористете ги предностите на водечкото и сигурно решение кое го користат илјадници клиенти, и правни и физички лица, од целиот свет. Внесете го износот кој сакате да го конвертирате, користејќи само броеви. Изберете валутен симбол од паѓачкото мени, за полињата ОД и ВО. Кликнете на копчето КОНВЕРТИРАЈ и долу ќе се појави резултатот.
fineweb-2
Новиот селектор на Македонија најавува промени Лазаров: Македонија под мое водство ќе игра брз и модерен ракомет Ракометната федерација на Македонија денеска го назначи Кире Лазаров за нов селектор на сениорската селекција. Најдобриот македонски ракометар на сите времиња сега ќе има една поинаква задача. "Сакам да се заблагодарам на претседателот на РФМ и УО за поддршката, без размислување го прифатив овој нов предизвик. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така е и во оваа ситуација. Ова е голема одговорност, се надевам на успешна и долгорочна соработка", вели Кире Лазаров. "Под мое водство Македонија ќе игра брз и модерен ракомет. Но тоа не може да се промени преку ноќ. Во престојните квалификациски меча нема да промениме многу во однос на играта бидејќи немаме време за тоа, но верувајте дека од Европското првенство ќе гледате една Македонија која игра модерно". "Што се однесува до играчкиот потенцијал, јас верувам во нашите ракометари, да не беше така немаше да се нафатам на оваа работа. Со претседателот Живко Мукаетов се договоривме во првата година да играм и јас на одредени натпревари на кои ќе биде потребно, да бидам како поддршка за младите играчи". "Наскоро ќе објавам список од 35 ракометари и мојот стручен штаб. Ќе се обидеме да истестираме колку што е можно повеќе играчи, да видиме кој ќе може да го носи дресот на националниот тим". Кире Лазаров најави и дека ќе се залага сите младински селекции на Македонија тактички да играат ист ракомет како и сениорите, тој ветува и подобра комуникација со клубовите со цел репрезентативците да добиваат поголема минутажа. Ракомет Објавено на 13 Февруари 2021 - 12:44
fineweb-2
Платите на работниците во Соединетите Држави се зголемени за 13,7 % од 1978 година, а платите на извршните директори за значителни 1.167 %, така што директорите заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник, пишува Fast Company. Во извештајот на Институтот за економска политика се утврдува дека просечната плата на директорот во некои од најдобрите американски компании е 21,3 милиони долари, и дека типичен работник во една од водечките компании сега заработува 67.000 долари годишно. Ваквите "претерани" плати на генералните директори се претежно проблем затоа што придонесуваат за растечката нееднаквост меѓу раководителите и просечните работници. Соодносот на платите на директорите на работниците во 1965 година беше 21 на 1, потоа во 1989 година се искачи на 61 на 1, а во 2019 година беше 320 на 1, што јасно покажува дека нееднаквоста во платите постојано се зголемува во последните 50 години. Надоместокот на извршни директори сега зависи многу од акциите и наградите поврзани со цената на акциите на компанијата, така што заработката на директорите следеше со децении раст на пазарот. Решението за овој проблем е данок на богатство, се вели во извештајот. Тоа вклучува повисоки стапки на данок на добивка, корпоративни даноци за компании кои имаат поголеми нееднаквости во платите помеѓу директорите и работниците и т.н. Покрај оданочувањето, владата би можела да донесе закони со кои ќе се промени структурата на корпоративното управување, се вели во извештајот на Институтот за економска политика Фото: Freepik
fineweb-2
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека бројот на случаи со новите мутаците на коронавирус низ Велика Британија драстично е опаднат и посочи дека ова значи дека функционираат мерките за границите. -Во последната недела имаше околу десетина вакви случаи, што е многу помалку отколку пред неколку недели, изјави Хенкок за "Скај њуз". Според министерот, функционираат дополнителните мерки што се преземаат на границата, пренесе британскиот весник "Гардијан". -Што се однесува на меѓународните патувања, тие ќе бидат разгледани врз основа на влијанието на вакцината врз новите мутации на коронавирусот од Јужна Африка и Бразил. Доколку вакцината добро делува против нив, тогаш можеме да бидеме многу порелаксирани во однос на меѓународните патувања, рече Ханкок. Доколку вакцината не делува против нив, додаде Хенкок, тоа ќе биде многу, многу потешко.
fineweb-2
Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците Во тек е исплатата на повратот на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека на 14.451 земјоделци ќе им бидат исплатени 87.036.280 денари. – Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на данок на личен доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус можен рок во најблиските организациски единици на Управата за јавни приходи, велат од УЈП. Право на поврат на данок на личен доход добиваат физичките лица кои оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи чиј износ не надминува 1.000.000 денари, врз основа на податоците од потврдените годишни даночни пријави. Право имаат оние кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства и немаат остварено доход по друг основ кој се одданочува согласно Законот за данокот на личен доход.
fineweb-2
28.03.2021 Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во Северна Македонија и Црна Гора преку програмата Ковакс. 25.03.2021 Европскиот парламент соопшти дека наскоро ќе започнe дебатa за воведување на електронски сертификат за вакцинирани и за лицата кои прележале Ковид-19. 02.03.2021 Европската Комисија, утрово го презентира годишниот извештај за безбедноста на производите присутни на пазарот во ЕУ, и според овој извештај играчките за деца најчесто биле пријавувани до властите како ризични или опасни. 11.12.2020 Лидерите на земјите-членки на Европската унија постигнаа договор со Полска и Унгарија, со што се деблокираше планот за опоравување на Унијата од последиците на коронавирусот. 8.12.2020 Денеска се одржува министерскиот состанок за европски прашања на кој требаше да се даде зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и најверојатно за Албанија со дополнителни услови, но поради ветото на Бугарија целата дискусија е отстранета од дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел. 6.10.2020 Како што информираше Европската Комисија, оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик.
fineweb-2
Над седумдесет дрвени маски, скулптури, ткаенини и фотографии од Западна Африка содржи изложбата "Духовите на Африка: ритуална западноафриканска уметност", која утревечер во 20 часот ќе се отвори во Музејот на Македонија. Изложените дела се дел од збирката на Музејот на африканска уметност во Белград, кој во својата обемна колекција има предмети од повеќе народи од Африка, а датираат од средината на 20. век. Кустосот од белградскиот музеј, Александра Продановиќ- Бојовиќ на прес-конференцијата рече дека збирката е дело на југословенските дипломати Здравко и Вида Печер, кои живееле во Африка во 60-тите години на минатиот век. Директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов вели дека ова е прва изложба во Македонија на африкански експонати, и дека е иницијатива на археологот и историчар на уметност Гоце Наумов. Според Наумов, предметите се претежно од Мали, Буркина Фасо, Гана, Брегот на слоновата коска, Гвинеја и се поврзани со култовите на плодноста и предците, како и со обредите за иницијација и погребувањата. Изложбата се организира во партнерство со Скопскиот џез фестивал поради долгогодипните врски со африканската култура. Костадин Шурбановски од СЏФ кажа дека со оглед на тоа дека фестивалот почнува в четвррток, утревечер по отворањето, ќе има забава со африкански музичари во арт-кафе "Менада" Наумов додаде дека изложбата ќе трае до 17 декември, до кога ќе има работилници, филмски проекции, предавања со цел поголема актуелизација на проектот, кој го подготвувале речиси година и половина. За вгодина, Наумов ја најави и изложбата со работен наслов "Африка во Македонија", а деталите за неа ќе бидат објавени по завршувањето на изложбата "Духовите на Африка".
fineweb-2
Apple почна да продава батериско куќиште за iPhone XS, XS Max и XR По бројните шпекулации, компанијата Apple почна со онлајн продажба на батериски куќишта, кои се достапни за трите минатогодишни модели iPhone XS, XS Max и XR. Без оглед на моделот, куќиштето чини 129 долари. Футролите се достапни во црна и бела боја и имаат батерија, која е забележлива во вид на испакнатина. Тоа беше случај и со претходните батериски куќишта. За жал, сопствениците на постарите iPhone модели немаат корист од новите батериски футроли, бидејќи не се соодветни. Дури ни сопствениците на iPhone X не можат да ги користат, иако овој уред речиси идентични димензии како и XS. Новите куќишта се компатибилни со Qi сертифицираните полначи, така што можете да го полните по безжичен пат. Секако, можно е полнење и со USB-C или Lightning кабел. Батериската футрола ја продолжува работата (односно користењето на интернет) на моделот на XS за 21 час, XS Max за 20 часа, а XR на 22 часа. Корисниците преку iOS можат да ја следат состојбата на батеријата на куќиштето во Notification Center.
fineweb-2
Денеска во 19 часот ќе се одржи онлајн-промоција на "Букварот на Биби", на фејсбук-страницата на "Светот на Биби". Ги покануваме сите љубители на детската литература и македонскиот јазик, сите деца и родители. Промотор ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, која е професор по детска литература на УКИМ. За "Букварот на Биби" ќе зборуваат авторите: Билјана Црвенковска (писателка за деца), Михајло Димитриевски-Тхе Мичо (арт-директор на "Светот на Биби") и Катарина Пренда (главен графички дизајнер во "Светот на Биби"), како и претставник од продукцијата – Јована Аврамовака. Свои видувања за Букварот и учењето со омилените ликови ќе слушнеме и од рецензентот д-р Тамара Ќупева, универзитетскиот професор Кирил Барбареев и одделенската наставничка Светлана Бебекоска. Придружете ни се заедно да дознаеме повеќе за најновиот и најтемелен едукативен производ од "Светот на Биби" и барем накратко да се вратиме во детството. Верувајте ни, повторно ќе се вљубите во македонските букви, песничките и илустрациите! "Букварот на Биби" е книга за доедукација. Преку овој Буквар децата од 4 до 8 години ќе имаат можност да ги засакаат и научат македонските букви и многу повеќе. Заедно со родителите и со нивните омилени ликови од "Светот на Биби", децата ќе учат да раскажуваат, да рецитираат, да пишуваат, да поврзуваат и да си играат. Сето ова со цел да се подобри нивното познавање на мајчиниот јазик. Учејќи со "Букварот на Биби", децата ќе се чувствуваат како да си играат со Биби и Боби додека ги развиваат своите способности. Целта е да им се развие љубовта кон пишувањето, читањето и кон училиштето од најмала возраст. За тоа како децата го перцепираат Букварот, ќе може да видите од нашиот главен гостин – малата Илина, која ќе го даде своето најискрено мислење за "Букварот на Биби". Ве очекуваме заедно да викнеме Јипи рипи! за "Букварот на Биби"! Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=Ely52mZGdzA
fineweb-2
Повеќе од 80 отсто од трудниците велат дека пријателите (или непознати лица) им го допираат стомакот без дозвола. Ваквите случки се пречести и многу ги нервираат трудниците. Ова е листата со реченици што најмногу им пречат на бремените жени. (додека ти го допира стомакот) Сите сме виновни за допирањето на стомакот – но што да се прави кога е тешко да се одолее. Но, обидете се да се воздржите и прво прашајте дали смеете да го допрете стомакот. Стомакот е приватен и можеби трудницата не сака секој да ѝ го допира. Што да се направи и каже: Додека раката се приближува кон твојот стомак, допри го самата и на шега кажи: Малиот веќе е шеф и си го сака личниот простор. "Раѓав 36 часа и испукав, не можеш ниту да замислиш како" Замисли да слушнеш нечија ужасна приказна од породување во моментот кога ментално се подготвуваш за сопственото искуство за породување. Природно е да сакаш да ги споделиш своите искуства бидејќи мислиш дека ќе дадеш корисни совети. Но, тоа што си раѓала 36 часа не значи дека сакам да ги слушнам сите детали. Само ќе ги исплашите трудниците со своите приказни. Што да се направи или каже: Можеби ќе добиеш неколку корисни совети од овие приказни, но ако разговорот стане премногу детален, кажи со шеговит глас: – Мораш да престанеш, мислам дека почна да ми се враќа утринската мачнина. "Леле, колку си голема! Сигурно не носиш близнаци?" Пред сè, никој не сака да биде потсетен на зголемената тежина. Без разлика дали навистина прашувате дали има близнаци или само на тој начин сакате да кажете дека ќе има големо здраво дете, сите коментари поврзани со дебелината задржете ги за себе. Што да се направи или каже: Гордо тријте го стомакот и кажете: – Не, не се близнаци. Само го носам идниот бодибилдер. "Ох, знам еден (име на бебе). Беше најголема бубалица во средно училиште" Возбудливо е да се слушне кое име родителите планираат да му го дадат на своето бебе. И не можеме да си помогнеме, а името да не го поврземе со некој од нашето минато, без разлика дали е тоа средношколска бубалица или сурово поранешно момче. Но, најдобро е своето мислење да го задржиме за себе. "Именувањето на детето е една од најличните работи за родителите", вело коосновачката на веб-страницата "Бамп", Карли Руни. "Тешко е да се одлучите за име без да добиете приговор". Што да се направи или каже: Кога само би можела да кажеш на кого те потсетува таа личност, зарем не? Наместо тоа, размисли да понудиш брз одговор зошто си го избрала тоа име (всушност, на бебето ќе му дадеме име по неговиот дедо). "Ајде, те молам, еден пијалак нема да ти наштети" Никој не сака да биде под притисок, а сигурно сте изморени од објаснување дека сте бремени и не пиете. Што да направите или кажете: Не двоумете се да возвратите – ова не е време за притисок од врсниците. Или поштедете се од главоболка и нарачајте вода со лимон – ќе изгледа исто како коктел.
fineweb-2
Онлајн настава: Проблеми и решенија Блог од младите репортери на УНИЦЕФ Матеј Милосиевски (16), Дориса Земон (16), Јана Стојковска (17) и Кристијан Поповски (17) Како во многу земји, така и кај нас борбата против КОВИД-19 ги затвори училиштата и учењето се одвива онлајн. Обемот на материјалот, онлајн оценувањето и немањето на соодветни инструкции за зададените задачи се само дел од проблемите со кои ние се соочуваме за време на оваа пандемија. Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ и други партнери креираа онлајн платформа за учење наречена ЕДУИНО, на која ученици од предшколско и основно образование можат да го продолжат своето образование преку видео лекции, различни материјали и игри. Дополнително, на националната телевизија се емитува и образовна програма наречена ТВ училница. Основните и средните училишта започнаа, исто така, онлајна настава преку различни дигитални платформи. Ова се добри влогови, но дали сите ученици ги имаат потребните средства за да следат онлајн часови и што всушност би можеле да кажеме за квалитетот на образованието во вакви услови? Ова се само некои различни перспективи и видувања како може да се подобриме. Перспективата на учениците Вистината е дека за многу ученици наставата на далечина е само формалност, а не вистинска замена за редовната настава. Одредени наставници само ги споделуваат материјалите на учениците, без да ги предаваат. Онлајн тестирањата се вршат на принцип "снајди се" пришто учениците не се стекнуваат со вистинско, долготрајно знаење. Освен тоа одредени ученици немаат ни можност да излезат од дома во периодот кога е дозволено движење поради самото времетраење на онлајн наставата. Некои ученици немаат ниту соодветна опрема за следење на онлајн наставата, односно немаат електронски уреди како компјутер, телефони и камера. Бројот на овие уреди најчесто е лимитиран во домаќинствата и многу е непријатно за онлајн средби, часови и состаноци кои се случуваат истовремено. Исто така, одредени професори не земаат во предвид дека за време на онлајн тестирањето, ученикот може да ја изгуби интернет конекцијата. За жал, доколку ова се случи, ученикот ја добива оценката соодветно на бројот на одговорени прашања кои биле забележани од системот пред да се изгуби конекцијата. Учениците исто така се соочуваат со проблеми поврзани со менаџирање на сопственото време како резултат на онлајн наставата. Перспективата на родителите Онлајн настава, како што знаеме е нов, непознат, поинаков начин на учење за учениците, професорите и родителите. Особено е тешко за учениците од пониските одделенија. Родителите на овие ученици често треба да го поминат поголемиот дел од времето помагајќи им на своите деца да се снајдат со платформите, работејќи на домашните задачи и објаснувајќи го наставниот материјал. Ова важи за родителите кои работат од дома, но што е со оние деца, чиишто родители одат на работа? Како овие родители ќе им помогнат на своите деца? Со ваквата онлајн настава, тие треба да изнајдат повеќе време, концентрација, фокусираност, помагајќи на своите деца во изучувањето и совладувањето на предметите. Родителите кои немаат познавање од информатичката технологија се соочуваат со поголеми проблеми и имаат потреба да бараат помош од роднини, пријатели, колеги, итн. Со тешкотии се соочуваат и родителите и учениците од ранливите категории, бидејќи многу од нив немаат можност да им обезбедат на своите деца компјутер или смарт телефон за следење на наставата Перспективата на наставниците За сега секој се однесува како да е најважно да се предаде преостанатиот материјал, да се спуштат годишните оценки и да се заврши учебната година на еден формален начин. Но, дали тоа е навистина потребно за нас како ученици? Дали тоа е вистинскиот начин како треба да се справуваме со новонастанатата ситуација? Секако дека не! Во оваа голема слика можеби најголемиот товар е ставен врз наставниците. Тие се наоѓаат во ситуација во која се неподготвени и без соодветна поддршка. Критериумите и насоките наложени од надлежните институции не се доволни за ефективно справување со ситуацијата. Постоечките критертиуми на оценување, кои вклучуваат тестови и испрашувања, не се соодветни за дигиталната настава. Ниту еден наставник не може со сигурност да потврди дали зададената домашна работа на учениците е напишана самостојно, а задавање на посебни домашни задачи за секој ученик, едноставно претставува преоптоварување и тешкотија. Наши видувања и предлози Очигледно е дека целата ситуација влијае на сите и секој треба да најде начин да ја надмине пандемијата. Меѓутоа не смееме да дозволиме таа да му наштети на квалитетот на учење на оние во чии раце се наоѓа иднината на нашата земја. Затоа ние, како млади репортери, имајќи ја предвид проблематиката која ја истражувавме, даваме сопствено мислење и предлози за подобрување на онлајн наставата: - Системски решенија од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието за добро осмислена платформа со конкретно зададена наставна програма, како и фер и ефективен начин на оценување. - Ранливите семејства треба да бидат поддржани со средства за набавување на опрема и стекнување вештини со кои ќе можат да ги поддржат своите деца да учат онлајн. - Учениците и младите луѓе треба да бидат консултирани. Идните одлуки треба да ги земат предвид чувствата на децата, нивните видувања, нивните услови и потреби. Учениците треба да имаат пристап до материјалот без да се чувствуваат дискриминирани или беспомошни кога имаат прашања или неслушнати кога имаат мислење или барање. - Учениците не треба да се оценуваат нумерички, туку описно. - Како што се развива ситуацијата дефинитивно е потребно предлог решение, кое ќе опфати претставници од повеќе области. Тие ќе евалуираат и споделуваат свои искуства, што било добро, а што не. Проблемите со кои се соочуваат учениците и родителите треба да бидат земени во предвид. - Постигнување компромис, затоа што само сите заедно сплотени можеме да ги извадиме најдобрите резулатати од целата оваа ситуација. Кристијан, 17 Дориса, 16 Maтеј, 16 Jана, 17 Блоговите напишани од младите репортери на УНИЦЕФ се дел од волонтерската иницијатива која има за цел да им даде на младите луѓе простор да ги споделат своите видувања на теми значајни за нив. Работата на Младите репортери за време на пандемијата КОВИД-19 делумно е финансирана од УСАИД.
fineweb-2
Туризмот драстично се намали годинава, а загубите на приходите во меѓународниот туризам се десет пати поголеми отколку во претходната финансиска криза. Загубата во светскиот БДП како резултат на штетите предизвикани во туризмот изнесува околу 2.000 милијарди долари, објави Светската организација за туризам. Ова е најлошата година во историјата на туризмот со 72% помалку меѓународни пристигнувања во првите десет месеци и глобална загуба од заработка од извоз од 935 милијарди долари. Пристигнувањето на туристичкиот сообраќај од 2019 година се очекува за две до четири или повеќе години, објави Светската организација за туризам. Според последните податоци, од почетокот на 2020 година до октомври имало 900 милиони странски туристи помалку отколку во исто време во 2019 година, што е директна последица од пандемијата, се наведува во извештајот. Загубата на приходите од 935 милијарди долари во меѓународниот туризам е над десет пати поголема отколку во 2009 година, кога изби глобалната финансиска криза. Туризмот се врати на нивото од пред 30 години оваа година, а загубата во светскиот бруто домашен производ (БДП) е околу 2.000 милијарди долари. Азија и Пацификот претрпеа најголема загуба во туризмот во првите десет месеци, а овој регион има и најстрога политика за ограничување на патувањата. Во овој регион имало 82% помалку странски туристи во споредба со истиот период минатата година, кога овој дел од светот забележа раст на туризмот, кој беше меѓу најголемите во светот. Слична позиција во 2019 година имаше и Блискиот исток, кој годинава бележи 73% помалку пристигнувања на странски туристи, додека во Африка бројот е помал за 70%, а во Европа и САД падот е 68%. Според извештајот на Светската организација за туризам, Европа има малку помал пад на странските туристи во септември и октомври во споредба со другите делови на светот, со 72% и 76%, соодветно. Овој резултат главно се должеше на краткорочното закрепнување во текот на летните месеци, особено во јули и август, но вкупниот пад за првите десет месеци беше нешто повисок од 68%.
fineweb-2
Италијанските медиуми пишуваат дека летоска може да се случи голема размена меѓу големите ривали Јувентус и Милан. Јувентус бара стопер како замена за Киелини кој најавил пензија, па изборот паднал на Ромањоли од Милан, а пак, на "росонерите" им треба крило, па тие го посакуваат Бернардески кој сезонава е во втор план во тимот од Торино поради Киеза и Кулушевски. Затоа би можело да дојде до размена меѓу овие два тима. Интересно е што во оваа размена би требало да биде вклучен агентот Мино Рајола, кој е менаџер и на двајцата играчи.
fineweb-2
Зошто им е на бугарските деца воена обука? Денешните деца треба да знаат да напишат компјутерска програма, а не како да расклопат "калашников". Што се случува во бугарското образование? Министерството за образование на Бугарија објави нова програма за промовирање на патриотизам во бугарските училишта, за што се обезбедени 500.000 лева, објави весникот "Сега", повикувајќи се на веб-страницата на Министерството за образование и наука. На прв поглед: 500.000 лева не се којзнае колку пари, особено кога за патриотизмот во Бугарија се говори или добро или пак ништо – како за покојник. Па, зошто да не помогнеме малку со убав збор? Темната страна на патриотизмот Токму тука е проблемот. Министерството за образование и наука, всушност, ќе мора да одвои не 500.000 лева, туку 5 милиони лева за да се зборува за патриотизам во училиштата – но, не како за покојник. Важно е за патриотизмот во бугарските училишта да се зборува со сите противречности на овој модерен феномен. Да се зборува за неговиот потенцијал за обединување на луѓето, како и за неговите мрачни страни: крвопролевањето извршено во име на татковината, репресијата против неистомислениците, екцесите на националистите, за ксенофобијата – другата темна страна на патриотизмот. Наместо тоа, образовните лица во Министерството се релаксираат во прегратката на познатата инерција и имаат намера да поттикнат проучување на бугарската воена храброст и да вклучат ученици од 8 до 10 одделение во воена обука. И, за што точно служи оваа воена обука? Со кого има намера да се бори Бугарија, опкружена со сојузници и членка на НАТО, и дали ќе ѝ требаат 17-18-годишни донатори на "топовско месо"? Денешните студенти треба да знаат да напишат компјутерска програма, а не како да расклопат "калашников". И оние кои ќе решат да станат професионални војници и со тоа да учествуваат во заедничкиот безбедносен систем на НАТО – можат да ја совладаат професијата во соодветните специјализирани училишта или, едноставно, да се пријават во војска. За денешните студенти, воената храброст нема да им помогне многу во светот во кој сакаат да живеат: мирен, отворен и високотехнолошки свет на знаење, а не на насилство. Да, убаво е да се зачуваат и почитуваат спомениците на луѓе кои загинаа во војните. Затоа што тие ве потсетуваат на стотиците илјади убиени, кои грабнале пушки во име на честопати измамнички политички каузи. Спомениците треба да се одржуваат, не за да нè потсетуваат какви "злосторници" се Турците или Србите, туку за да знаат новите генерации дека нема ништо полошо од војната. Мувлосан патриотизам Во денешното бугарско општество недостасуваат многу витални елементи, но не недостасува патриотизам. Недостасува здравствена заштита, знаење, народна култура, политички и граѓански интегритет. Сепак, патриотизмот го има во изобилство. За жал, го има во изобилство токму патриотизмот што Министерството за образование и наука сака дополнително да го поттикне: едностран, несвесен, фиксиран само на славната бугарска историја, на бугарската храброст и нејзините безбројни непријатели. Патриотизам без надворешно гледиште и без коректив. Со други зборови, мувлосаниот патриотизам од пред векови, што создава непријатели, а не пријатели. Патриотизам што копа ровови, а не мостови. Дали денешните бугарски деца го заслужуваат ова? Преземено од "Дојче веле"
fineweb-2
Сања Кужет, водителката на шоуто "Sвездите на Гранд", воодушеви со својот изглед во синоќешното шоу. Имено, Сања носеше минијатурен фустан на прерамки, во нежно розова боја. Овој моден избор ја истакна нејзината витка фигура. "Каква жена", "Најубавата и најприродната жена во Србија", "Сања нема конкуренција", беа само дел од коментираат на гледачите. Сања особено ги привлече симпатиите на бројната публика и жири комисијата кога за прв пат заигра во шоуто додека една кандидатка ја изведуваше својата песна. Сања танцуваше скриена од рефлекторите додека траеше изведбата на една од кандидатките, Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ ја забележаа водителката и ја охрабрија со аплауз, а за кратко сите погледи погледи од салата беа упатени кон неа. Потоа на инстирање на Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеша како и на сите во салата, Сања беше повикана на сцената уште еднаш да ги покаже своите танцувачки способности.
fineweb-2
НИ "Б" ОД БИТОЛА - ЗАБОРАВЕТЕ ЈА ТАА СТАРА КОНЗУЛСКА БИТОЛА (ФОТО) Градот се уништува што од политиката на централната и локалната власт кој ја држат Битола изолирана од сите големи проекти: гасификација, топлификација, патни автопатски делници, железничко поврзување со Грција до капитални проекти и други инвестиции во градот... ГРАДОТ ПОЛЕКА НО СИГУРНО УМИРА! Локалното стопанство згаснува повеќе не е ликвидно, чаршијата затвара, пазарите празни, дуќаните се издаваат, битолчани подолго време се соочуваат со економската криза. Единствен спас и илзез младите гледаат во студентските визи за Европа и двојното државјанство да заминат со карта во еден правец. За тоа време локалната власт насмеана се фотографира и ужива во снегот кој ја затрупа Битола и помпезно атрактивно ги промовира капиталните проекти како "ЦРЕВОТО ВО КРАВАРИ", "МЕНУВАЊЕ УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ - СИЈАЛИЦИ", "СЛИВНИЦИ", "ПРОМЕНА НА ШАХТИ" и понекогаш се среќава со АМБАСАДОРИ, и толку од локалната власт тоа им е нивото. Се ова се одразува на социјалниот и економскиот живот на граѓаните и последиците се повеќе кратно поштетни (колку е поголема економската и социјалната криза на граѓаните толку порпоцијално ќе биде поголем КРИМИНАЛОТ, ПАРТИЗАЦИЈАТА, и ДЕВИЈАНТНИТЕ ПОЈАВИ на граѓаните). Сведоци сме на уништување и девијантни појави од страна на граѓаните во Битола подолго време, кршење на урбана опрема, автобуски стојалишта, а последно некој неодговорен започна да го уништува и новиот светлички симбол "Битола" кој се наоѓа во паркот кај Сатот.
fineweb-2
Викендов се навршуваат 60 години од примената на револуционерната прва промена на пол што вклучува хируршка интервенција и хормонска терапија. "Екс- Џи стана русокоса убавица" стоеше на насловните страници на американските весници. Џорџ Џоргенсен, тивок, обичен граѓанин на Њујорк ја шокираше американската нацијата откако се врати од пат од Данска претворен во гламурозната Кристин. Кога тенката 27-годишна руса убавица, нагрната со крзнено палто излезегла од авионтво Њујорк, нејзините долги трепки, високи јаболчници и полни црвени усни, не оддаваале никаков знак дека зад тој лик всушност се крие еден срамежлив маж. Џоргенсен пораснал во Бронкс, како среќно дете во многубројно семејство. Како тинејџер бил убеден дека е заробен во погрешно тело. На фотографиите од тоа време Џиргенсен личи на вистински хомосексуалец, што е вистински проблем" вели Теит Рицау, дански доктор и продуцент кој ја запозна Кристин Џоргенсен во 1980 година кога направи филм за неа/него. Во својата автобиографија Џоргонсен вели дека додека живеела како Џорџ и покрај тоа што била физички привлечена од мажи сепак и се лошело кога маж ќе и се приближел. Кон крајот на 40 години на 19 век, за време на краткиот престој во американската војска, Џоргонсен наишол на текст за еден дански доктор, Кристијан Хамбургер, кој во тоа време експериментирал со полова терапија, и притоа ги тестирал хормоните на животни. Од тој момент збунетото момче почнало да гаи надежи дека Хамбургер можеби ќе успее да го реши неговиот проблем. Во 1950 година тој заминал во Копенхаген без притоа никому да каже за своите вистински намери. "Бев малку нервозна , бидејќи во тој период многу луѓе ми велеа дека сум луда" вели Џоргенсен во едно интервју дадено непосредно по операцијата. Хамургер не видел ништо погрешно во желбите на тогаш младото момче. Тој прв кај него ја препознал трансексуалноста. Така докторот почнал со хормонска терапија а притоа работел и на психата на возбудениот човек охрабрувајќи го да почне да се облекува како жена во јавноста. Кога хормоните почнале да даваат резултати докторите поднеле барање до данската влада да се дозволи операцијата. По цела година хормонска терапија конечно збунетата личност легнала под нож. Што точно било извршено за време на оваа операција до ден денес е нејасно, но се верува дека Хамбургер и неговиот тим хирурзи следеле правила поставени од нивните претходници десетици години порано. Се смета дека првата операција за промена на пол била извршена во 1930 година во Берлин на извесна Лили Елбе. Кристин по своето враќање во САД добила покана од Холивуд каде ја дочекале со раширени раце и станала успешна актерка. Денес, по 60 години промената на полот во светот станува честа интервенција. Бројот на луѓе кои се одлучуваат даго променат полот секоја година расте за 11%. 80% од промените се од маж во жена.
fineweb-2
Суштински дел од програмите за намалување на штетите од употреба на дроги се самите центри што активно функционираат во Скопје и други 13 градови низ државата. Овие центри, преку работата на активистите ги спроведуваат програмите што придонесоа за сведување на минимум на негативните ефекти произлезени од употребата на дроги. Нивната работа најдобро ја претставува краткото видео каде се опфатени сите проблеми кои може да настанат доколку корисницитена дроги бидат препуштени на самите себе, и спротивно на тоа, бенефитите од работата на центрите. Видеото, достапно на линкот ги објаснува програмите кои доведоа до спасување на многу животи. Со секојдневна комуникација, следење и советување на корисниците на дроги во последниве десет години во Македонија се евидентирани само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од 5% од вкупно 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Овие бројки се далеку помали за разлика од состојбите во другите земји, соседи на Македонија. Македонија е со најниска стапка на ХИВ во регионот на Југоисточна Европа. Со цел продолжување на финансирањето и работата на овие програми, здружението ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, започна кампања наречена "Со клучни одлуки до здрава заедница". Целта на кампањата е подигнување на свеста и активација на институциите за одржливост на програмите. Како дел од активностите на кампањата е и петицијата за финансирање на програмите за намалување на штетите од буџетот на Република Македонија, со чие потпишување граѓаните можат да ја дадат својата поддршка. Петицијата е достапна за онлајн потпишување на линкот.
fineweb-2
Познато хоби на качувачите е искачување на врвовите на највисоките планини. Главниот протагонист има една последна цел за конечното комплетирање на специјалната колекција: тој невозможен врв, тој кој е одлучен да го искачи – без разлика на се'. Жената – на која и станува досадно да го чека својот сопруг да се врати од планинските авантури исполнети со возбуди, одлучува да започне своја авантура и да се обиде на некој поскромен врв. Со тоа што е жена, таа ќе треба да надмине препреки кои ќе се покаже дека се потешки отколку самото достигнување на врвот. Судбините на двата карактери се соединуваат преку таа потрага по своите цели.
fineweb-2
На социјалните мрежи се почести се коментарите дека граѓанска иницијатива "Охрид SOS" како да се подготвува за влезе во политика. Граѓанска иницијатива "Охрид SOS" или подготовка за политичка партија, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи. Ова посебно се истакнува откако оваа граѓанска иницијатива како да влегува во отворена "војна" со охридскиот градоначалник Константин Георгиевски. "Охрид SOS" најавија дека ќе покренат тужба против градоначалникот на Охрид доколку тој, односно Општина Охрид не усвои акт за прогласување за "ништовно" одобрението за градба на објект на местото на се уште постоечкиот ресторан "Парк". Граѓаните комементираат дека е подобро доколку се има факти за нешто и доколку си сигурен за потезите кои се превземаат да се излезе со име и презиме, а не да се затскриваш зад некоја иницијатива. До овој момент сеуште никој отворено не застанал да каже дека е дел од "Охрид SOS. Зошто, прашуваат граѓаните на соцојалните мрежи. "Нели добро е да се легитимират затоа што никој не знае кој стои зад оваа организација", стои во друга објава. Лице кое се претставуваше дека е невладин активисти е дел е Охрид SOS" сега е советник во Град Скопје. Дали ова лице сеуште остана да делува како невладин активист на едно место, а на друго поинаку, прашуваат граѓаните. "Охрид SOS" во јавноста се појави кога со Охрид владееше естаблишмент поставен од ВМРО ДПМНЕ. Тие жестоко се конфронтираа со тогашните власти и отворено работеа со претставниците на тогашната опозиција, пред се со Томислав Тунтев од СДСМ. Тогаш иако "Охрид SOS" беше правно непостоечка творба во јавноста се појавуваа неколку лица кои се претставуваа како раководство на "Охрид SOS", но по изборите 2017 година овие лица се повлекоа од медиумите. Токму поради ова граѓаните коментираат дека се наметнува прашањето, дали "Охрид SOS навистина работат за интересите на Охрид и охриѓани, или криејќи се зад некоја организација кој ги решава проблемите на Охрид и охриѓани "Охрид SOS" од правно непостоечка и никаде нерегеистрирана творба, можеби се подготвува правно да се канализира и отелотвори во политички субјект кој ќе се појави на избори? Охрид SOS досега преку медиумите во јавноста отвори многу проблеми кои ги тиштат Охриѓани и се во интерес на градот, но колку од нив се решени? Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина Охрид SOS на својот Facebook профил неодамна објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база. По ова со остра реакција се јавија од компанијата кои тврдеа дека невистинити се информациите објавени од страна на активисти на Охрид SOS, дека нивни багер црпеле песок од езерото што, како што нагласија било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на Охрид SOS. По најновите случувања и најавата за тужба против градоначалникот на Охрид доколку тој, односно Општина Охрид не усвои акт за прогласување за "ништовно" одобрението за градба на објект на местото на се уште постоечкиот ресторан "Парк", денеска со реакција се огласија и од кабинетот на првиот човек на Охрид. Тие во реакцијата меѓу другото велат: Општина Охрид најостро реагира на вчерашниот напис на социјалните мрежи од страна на таканареченото граѓанско здружение, "Охрид SOS". Овие дежурни критичари, кои поради нејасни причини досега не се јавно декларирани како личности, на дрзок и недоличен начин, преку навреди и дисквалификации го прозиваат градоначалникот Константин Георгиески дека дава поддршка на урбанистичката мафија и дека има најголема одговорност за најавената градба на хотел, на локацијата кај поранешниот расторан и дикотека "Парк". Недозволиво е "Охрид SOS" да се повикува на член од Законот за градење и да тврди дека градоначалникот Георгиески може да сноси кривична одговорност доколку не го поништи правосилното одобрение за градење, бидејќи правна основа за тоа не постои. Основна причина за тоа е фактот што инвеститорот на градбата "Ремис" ДООЕЛ Охрид согласно одобрението за градење кое му е издадено на 20.04.2018 година и соодветните законски прописи има поднесено известување за започнување на градба на 26.06.2019 година, се вели меѓудригото во реакцијата и додаваат: Граѓаните треба да знаат дека преку изнесување на инсинуации и лажни обвинувања и овој пат "Охрид SOS" се обиде да ја манипулира јавноста, но цврсто сме уверени дека нивните обиди ќе останат безуспешни.
fineweb-2
Стефан Ѓукиќ кој има македонски пасош во мај 2020 година во Киев, Украина се обиде да го убие водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер.Тој преживеа благодарение на сопругата Тамара која пукаше на атентаторите. Погледнете го тој момент Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
fineweb-2
Руските здравствени власти велат дека вакцината "Спутник V" е ефикасна повеќе од 90 проценти, а здравствените работници кои биле вакцинирани имаат КОВИД 19. И рускиот претседател Владимир Путин, наводно, одбил да ја прими. Од друга страна, западните експерти изразија скептицизам во врска со брзината со која наводно е развиена вакцината, а Русија не обезбеди податоци за да ги поткрепи нивните тврдења за вакцинирање. Досега имало 2,4 милиони случаи на коронавирус во Русија, како и повеќе од 42 000 смртни случаи од оваа болест. Многумина стравуваат дека одговорот на вакцинацијата, токму поради препораката да се воздржи од консумација на алкохол, може да биде значително помал од очекуваниот, односно посакуваните 60 до 70 проценти со цел да се добие потребниот имунитет кај општата популација. Патем, што се однесува до алкохолот, постои испреплетено влијание на алкохолот, температурата и кардиоваскуларните болести, за кои разговаравме со д-р. Душко Главаш, кардиолог во Клиничкиот болнички центар во Сплит. –Ниските температури можат да бидат штетни за здравјето, особено за пациентите со срце. Крвните садови се стеснуваат на пониски температури и лоши временски услови, што го отежнува циркулацијата на коронарните крвни садови и исто така се меша со респираторниот систем. Тоа е типична слика од медицинските книги за постар пациент кој има болка во градите кога излегува на студ, ветер и снег. Често се смета дека конзумирањето алкохол се загрева, но може да не измами и да го загрози нашето здравје. Понекогаш луѓето пијат, заспиваат на клупа на студ и никогаш повеќе не се будат. Имено, алкохолот може да предизвика непосредно проширување на крвните садови, со пријатно чувство на топлина. Сепак, ова проширување ја зголемува загубата на телесна температура, така што телото побрзо се лади – вели др. Покрај тоа, треба да се знае дека алкохолот може да комуницира со некои лекови и да го промени нивното дејство. Несакани ефекти вклучуваат главоболка, несвестица, гадење, повраќање, слабост, некоординираност на движењата, особено со антидепресиви и седативи. Можна е поголема варијација на притисок, пулс, промена на стапката на дишење и свест. -Со некои антибиотици, алкохолот не треба да се пие дури два дена по последната пилула, бидејќи и тогаш може да ги намали или дури и да ги откаже лековите – вели кардиологот.
fineweb-2
Прелетување на рускиот воен авион Ту-124 преку американскиот воен разурнувач во текот на вежбите на НАТО во Скандинавија ги изненади сите, пишува Раша тудеј. – Тоа беше извиндички авион за поморска патрола, изјави еден од маринците. Ова беше единствена прилика американските војници да го видат авионот кој НАТО го марекува Мечка-Ф. Руското министерство за одбрана потврди дека два воени авиони Ту -124 го извеле претходно планираниот лет во неутралните води на Нпрвешко Море. Тие минале 12 часа во воздух и успешно се вратиле во руската воена база. Прелетите се изведени во состав на руските воени вежби во кои руската морнарица ги тестира воените проектили западно од норвешките островски градови Кристијансанд, Молд и Алесанд. Заапдни медиуми, меѓу кои и Сан, наведуваат дека рускиот авион "ризикувал сеопшт судир со НАТО, ако не и трета светска војна". Најголемите воени вежби на НАТО се одржуваат од 25 октомври до 7 ноември во Норвешка, со примена на хипотетичко сценарио повторно воспоставување суверенитет по напад на фиктивен агресор. НАТО ја повика Русија да ги надгледува воените вежби, но Русија тоа го одбила, пренесуваат медиумите.
fineweb-2
"За само неколку часа изречени вкупно 18 мерки за пречекорена брзина над 30 километри, и имало и такви кои возеле над 50 километри на час", информира портпаролот Марјан Јосифоски. И во средата тетовската полиција при локална контрола за брзина откри и санкционираше вкупно осум возила кои ја пречекориле максимално дозволената брзина на оваа улица. И во наредниот период се предвидени вакви контроли на булеварот. До засилените контроли доаѓа по барање на граѓаните откако шест годишно девојче го изгуби животот како пешак на 13 јануари. Во понеделникот се одржа и протест.
fineweb-2
Денеска се одржа онлајн состанок на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бугарија и Германија, Бујар Османи, Хајко Мас и Екатерина Захариева. На новинарско прашање дали Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија во декември кога треба да се случи меѓувладината конференција, Захариева, истакна дека ставовите на Бугарија се непроменети, и дека тие превземаат одговорност. Порача дека и другата страна треба да биде одговорна. Захариева истакна дека во последните месеци имало многу говор на омраза од Македонија кон Бугарија, и тоа било силен аргумент за блокирање на процесот. "Верувам дека Договорот за добрососедство од 2017 година, ако се исполнува со добра волја и совесно и ако не се бараат начини за заобиколување на неговите точки, ги има сите гаранции да се решат отворените прашања. За жал тоа не го гледаме некое време и неколкупати сигнализиравме кон колегите во Република Северна Македонија. Само последните месеци имаше повеќе од десет илјади негативни публикации со говор на омраза кон Бугарија, што ги сметаме за говор на омраза кон Бугарија, и тие не треба да продолжат. Бугарија била и ќе биде една од државите кои ќе ги поддржуваат земјите од Западен Балкан, но и тие треба да имаат своја одговорност и да се насочат кон реформи. Не треба во ЕУ да бидат пренесени проблеми од надвор. ", рече Захариева.
fineweb-2
"На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада 'Меѓаши' и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на Н.К. на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати Н.К. (44) и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот", информираат од МВР. На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател. е приведена во полициска станица, а вчера била пренесена во психијатриска установа "Бардовци", каде е задржана до понатамошна постапка. Од МВР велат дека сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.
fineweb-2
Версаче, Коко Шанел, Бурбери и многу други… Брендови кои никогаш не си дозволуваат "модна утка", па дури и во поглед на асесоарите. Модните додатоци се голем плус над комбинацијата и без нив таа не би била совршена. Кожните ракавици се актуелни секоја зима како неизбежен асесоар за во зимските денови. Секогаш имајте ги при рака, а ако ги немате, време е да ви дадеме идеја, па да си набавите совршен модел кој би бил сличен на овие дизајни потпишани од популарните брендови.
fineweb-2
Денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, Утврдено е дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, која е вработена во театарот.
fineweb-2